fbpx

Зголемена куповната моќ на Европејците

-

13.112 евра изнесува просечната годишна куповна моќ по жител во 42 европски земји. Тоа е за еден отсто повеќе во однос на една година порано, кога таа изнесувала 12.890 евра. Ова е наведено во најновата студија на глобалната истражувачка компнаија ГфК, под наслов „Куповната моќ во Европа 2013/2014“.

Европејците во 2014 година во целина на располагање за трошење имале 8.830 милијарди евра, но, сепак, постојат голем разлики во куповната моќ на луѓето, не само меѓу земјите, туку и меѓу регионите.

Во студијата, куповната моќ е дефинирана како номинално расположлива заработувачка, без данок и придонеси, пресметана по жител во евра и во индексни поени.

ГфК наведува дека европските жители ги трошат заработените средства на фиксни давачки, наемнини, греење, даноци, лична потрошувачка и други трошоци, како одомор или превоз.

Меѓу 42 земји опфатени со студијата, најголема куповна моќ, како и во претходната година, имаат жителите на Лихтенштајн кои за трошење имаат по 54.840 евра. На второто и на третото место, како и во ланската класификација, се Швајцарија со 37.153 евра по жител и Норвешка со 30.560 евра.

Луксембург со 28.851 евро по жител го задржа четврото место, а петтопласираната Данска со 22.044 евра напредуваше за две места. Австрија е шеста со 21.891 евра, пред Германија со 21.579 и пред Шведска со 21.230 евра.

Првата десетка на лисата ги заокружуваат Франција со 19.643 и Финска со куповна моќ од 19.379 евра по жител.

На листата најголем напредок, од две места, има Данска, додека за едно место напредувале Македонија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Велка Британија, Германија, Естонија, Литванија, Малта и Хрватска.

Најголем пад, за дури четири мести, има Албанија, Шведска за три, Чешка за две, а Белгија, Кипар и Турција назадувале по едно место.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...