Земјотрес синоќа почувствуван во Штип

Земјотресот се случил во 19 часот и 54 минути, а бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала

-

Земјотрес чиј епицентар бил припаѓа на епицентралното подрачје Штип – Радовиш, вчеравечер бил регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот се случил во 19 часот и 54 минути, а бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од населението во градот Штип и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Започна третото издание на Маалски фестивал под мотото „Културата како јавно добро“

Вчера, во Парк во Франкофонија, активистите, уметниците и учениците ги споија познавањата и креативноста во колективни мемории и дела. Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Коле Неделковски" - Центар,...