fbpx

Земан: Македонија направи многу за справување со бегалската криза

-

Претседателот на Република Чешка, Милош Земан, кој е во посета на Македонија, оцени дека државата направила многу за справувањето со бегалската криза, дури и многу повеќе отколку некои земји членки на Европската Унија.

– Тука сум за да ја изразам почитта и личното признание за начинот на кој македонскиот народ се справи со мигрантската криза, притоа бранејќи ја не само својата, туку и границата на Европа. Нашиот став е дека Република Македонија покажа далеку поголема одважност од некои од земјите членки на ЕУ и на НАТО. Оттука сакам да изразам целосна поддршка за евроатлантска интеграција – истакна Земан на средбата со претседателот Ѓорге Иванов во Охрид.

Иванов на чешкиот претседател Земан му го врачи највисокото државно одликување на Република Македонија, орденот „8 Септември“, како израз на благодарност до него лично, но и и до чешкиот народ и држава, и до сите претходни чешки лидери за сета досегашна поддршка и помош.

Двајцата претседатели утре ќе учествуваат на Македонско-чешки бизнис-форум, на кој е најавено учество на бизнисмени од Чешка.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...