Граѓанските здруженија ја промовираа акцијата „Заслужуваме подобро“

-

Граѓански активисти и невладини здруженија денеска напладне ја почнаа акцијата „Заслужуваме подобро“. На штанд поставен пред спомен-домот на Мајка Тереза, активистите делеа летоци на кои е објаснето зошто граѓаните секогаш треба да побараат повеќе. Активистот Никола Писарев вели дека веруваат во капацитетите на општеството и во разумот на граѓаните.

– „Заслужуваме подобро“ е граѓанска акција во која ние, граѓаните, зборуваме за нашите секојдневните проблеми и за нашата итна потреба од подобар живот. Со нашите активности ќе ја пополнуваме празнината што се создаде меѓу активностите на политичарите, Договорот од Пржино и реалните барања и секојдневието на граѓаните. Ние граѓаните имаме право гласно и јавно да зборуваме за политиката, затоа што нашиот живот и нашето секојдневие се политика. Нашиот глас е важен секој ден, не само за време на избори – рече Писарев.

Тој додаде дека власта треба да одговара на прашањата и на потребите на граѓаните без разлика дали ја поддржуваат.

– Заслужуваме повеќе од парче леб, чесна власт, да гласаме без да се плашиме, заслужуваме болници што лекуваат, а не што заразуваат, заслужуваме пристојни училишта за нашите деца, чист воздух и треба да ги бараме овие работи. Не треба да се помириме со тоа дека било и полошо и дека може да биде полошо. Мора да го бараме она што како на граѓани ни следува – вели Писарев.

Во исто време, ваква акција почна и во Штип. Активистот Горан Трајков најави дека ќе разговараат со граѓаните за нивните реални потреби. При тоа, сакаат да го пополнат јазот што го создаваат активностите на политичарите.

– Политичарите заборавија на граѓаните и на нивните проблеми, дека треба постојано да бараат решенија на граѓанските проблеми- вели Трајков.

Акцијата ќе се темели на теренски разговори и на директна комуникација со граѓаните, а ќе ја спроведуваат повеќе од 200 граѓански активисти од 70 граѓански организации во 30 поголеми населени места во Македонија.

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори со намалени нарачки и недостиг на работна сила

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори во земјава имале намален број на нарачки и недостаток на работна сила во 2024 година во споредба со првичните планови. Ова го покажа анкетата...

Сојузниците на НАТО инсистираат на тоа дека Украина и Европа мора да бидат дел од мировните преговори

Неколку сојузници на НАТО денес истакнаа дека Украина и Европа не треба да бидат исклучени од какви било мировни преговори, пишува Асошиејтед Прес. Европските влади се вознемирени откако администрацијата на Трамп сигнализираше...

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во Скопје

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските...

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Без никаква најава, вчера на собраниската пленарна седница кој е во тек, како дополнување на дневниот ред, по брза постапка се поставени измени на Законот за слободен пристап до информации од...

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори со намалени нарачки и недостиг на работна сила

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори во земјава имале намален број на нарачки и недостаток на работна сила во 2024 година во споредба со првичните планови. Ова го...