fbpx

Заев е убеден дека избори во декември ќе има и дека СДСМ ќе победи

-

Новата власт предводена од СДСМ, од декември натаму, по изборите, има намера конкретно да се втурне во решавање на вистинските проблеми на граѓаните. Ова денеска го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во Струга.

Тој најави дека по победата во декември, СДСМ ќе се посветат на младите и на квалитетно платените нови работни места.

– Новата власт предводена од СДСМ, од декември натаму, по изборите, има намера конкретно да се втурне во решавање на вистинските проблеми на граѓаните. Најзначаен дел од она на кое ќе се посветиме се младите и квалитетно платените нови работни места. Конечна цел е да создадеме услови за младите да бидат мотивирани да останат овде. Целиот ангажман ќе биде насочен сите млади луѓе да бидат веднаш обезбедени со работа и тоа квалитетна работа. Целта е да ги задржиме младите овде, а, ако даде Господ, и да ги вратиме оној огромен процент млади луѓе што заминаа – изјави Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека со прочистувањето на избирачкиот список ќе се отстранат сите можности што ѝ биле потребни на власта за да прави фалсификат.

– 171.500 гласачи се ставаат во вториот дел на избирачкиот список, тие не го губат своето право на глас. Но, ставајќи ги во вториот дел на избирачкиот список, нашите членови на избирачките одбори и набљудувачите веќе ќе очекуваат и ќе знаат дали Ѓоко е Ѓоко или Ѓоко е, всушност, Ванчо. Значи, не може никој повеќе да го краде идентитетот на нашите граѓани.
Вториот дел се тие 39.500 гласачи, од кои, секако, еден дел се гласачи што треба да бидат отстранети. Околу 18.000 од нив сите овие 25 години не аплицирале за каков било
документ во самостојна Македонија. Тие немаат право на глас, тие не постојат и тие треба да бидат отстранети. Огромен процент од нив, исто така, се фантомски гласачи, односно гласачи што по закон немаат право на глас – одговори Заев.

Тој додаде и дека со формирањето на ад хок телото за регулирање на медиумите, ќе се помогне во решавањето на проблемите со медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...