fbpx

За цела година, Уставен суд укинал само една одлука

-

Само 11 претставки од вкупно 108 биле решени со одлука за укинување од Уставниот суд  во 2014 година. За ниту една постапка не било поведено решение за поништување, едно решение добило адмнистративна завршница, за две е запрена постапката, за 63 не е поведена постапка и 31 добиле решение за отфрлање на иницијативата. Овие бројки ги презентираше денеска претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, на презентацијата на годишниот извештај за судот. Во текот на минатата година, вкупно во судот биле примени 173 предмети. Судот по сопствена иницијатива не разгледувал ниту една претставка, ниту, пак, на политичките партии. Владата поднела четири иницијативи, здруженијата на граѓани – седум. Најмногу претставки, вкупно 143, поднеле граѓани. Од сите претставки, најмногу биле за донесени закони.

Одговарајќи на новинарско прашање дали судот има некакви сознанија за анкета за довербата на граѓаните во оваа институција, Гошева рече дека судот нема таков проблем, ниту, пак, потреба за таа анкета, а на новинарката што го постави прашањето ѝ порача ако таа има проблем, самата да направи анкета.

Претседателката на Уставниот суд вели дека судиите немаат никакви притисоци, ниту од една политичка партија, но и ги негира шпекулациите дека судот е продолжена рака на партијата на власт. За критиките за работата на судот, Гошева вели дека не може да спречи некој да дава и да пишува извештаи. Одговарајќи на новинарско прашања зошто само судијката Наташа Габер има издовени мислења, Гошева вели дека секогаш има судии кои имаат различни мислења. Судијката Габер вели дека ниту таа нема никаков притисок од политичките партии, иако има повеќе од десет издвоени мислења.

Во врска со иницијативата за укинување на одредбата за екстерно тестирање, Гошева рече дека кога судот ќе има доволно информации ќе почне расправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...