Архивска фотографија, извор: МВР

Во текот на вчерашниот ден (20.06.2021 година), Министерството за внатрешни работи (МВР) спровело зајакната акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движеле со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 599 возачи.

„Од нив, 91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, информираат од МВР.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 106, СВР Штип – 99, потоа на територијата на СВР Охрид-71, на автопатот Скопје-Велес и на скопската обиколница – 66 санкции, на територијата на СВР Тетово – 63, а казни за пребрзо возење се изречени и низ другите делови во земјава.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.