fbpx

За една недела 30 нови случаи на голема кашлица

Четворица од новозазарените се хоспитализирани, информираат во Инситутот за јавно здравје

-

Во период од една недела пријавени се 30 нови случаи на голема кашлица во државата, со намалување од 11,8 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информираат во последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Најголем број од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, 21 случај, во Куманово 3, 4 случаи од Тетово и по еден од Прилеп и од Кратово.

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 77 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година. Четворица од новозазарените се хоспитализирани.

„21 лицe е некомплетно вакциниранo, невакциниранo или имаат непознат вакцинален статус, 7 се комплетно вакцинирани и 2 се вакцинирани согласно возраст“, информира ИЈЗ.

Вкупно, од појавата на првиот случај на голема кашлица во земјава (ко јбеше евидентиран во јануари годинава) и заклучно со 30 мај, во РСМ е регистриран вкупно 661 случај на голема кашлица. Тоа е неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година), кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Како што информира ИЈЗ, во Скопје има 20.870 деца кои биле пропуштени за вакцинација. Oд нив вакцинирани се 13.343 (63,9 отсто). Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина (6.317).

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 13.803 деца на возраст до 7 години, а најголем број (8.756) од вакцинираните деца примиле прва, втора и трета доза на примовакцинација. Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација или ревакцинација на територија на Скопје во периодот од 18.01-30.05.2024 изнесува 27.146.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Предавање на политичката теоретичарка Изабел Лорај утре на КРИК – фестивалот за критичка култура

Програмата на деветтото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура продолжува утре, во 19:30 часот, во Националната галерија Чифте амам, со предавање на една од најинтересните современи промислувачки...