fbpx

Вработените во ЕМО на протест, си ги бараат заостанатите плати и придонеси

-

Синдикалниот одбор на некогашниот гигант, охридски ЕМО, и капитално поврзаните друштва, денеска организираа мирен протест преку кој уште еднаш побараа да се реши статусот на вработените во фирмата и да им се исплатат заостанатите плати и придонеси.

Претседателот на Синдикалната организација на друштвото „Производство“, Миле Крстаноски, состојбата со ЕМО и натаму ја оценува како „статус кво“, иако, како што рече, се даваат изјави дека фирмата работи.

– Слушате по медиумите, се даваат изјави дека 80 отсто од ЕМО работи, но како би работела некоја институција или фирма ако шест-седум месеци наназад нема струја. Нема ниту греење ниту, пак, е обезбедена работа. Чиста дезинформација е дека ЕМО работи – вели Крстаноски.

Тој појасни оти претставници на синдикатот на ЕМО на 5 март оствариле средба со претседателот на Владата, Никола Груевски, кој лично се запознал со нивните проблеми.

– Премиерот најверојатно сакаше од прва рака да ги слушне информациите за ЕМО. Ние го кажавме она што досега го кажуваме: дека во ЕМО владее целосен хаос, дека нема работа, нема струја, нема греење, нема ниту превоз, но како што гледате и од денешните пароли, има 40 маченички плати и приоднеси кои не им се исплатени на вработените. Не им е обезбедено ниту здравствено осигурување, а знаете како ја поминавме зимата со студовите – појаснува Крстаноски.

Груевски, конкретно ветување за излез од лавиринтот во кој се најдоа вработените во ЕМО, не дал, но излегол со предлог за санирање на состојбите со оваа државна фирма, која некогаш беше индустриски гигант во Македонија.

– Премиерот не вети ништо конкретно. Се кажуваше дека ќе влезе државна фирма во ЕМО. Беше посочена МЕПСО и странска компанија од Германија, но странската инвестиција ја најавуваат како „браунфилд“, односно земање под закуп, привремен престој додека не изградат свои објекти. Од МЕПСО имаме информации дека владее голем отпор за најавата 40-50 луѓе да се префрлат во оваа државна компанија. Се прашуваме дали некој ќе вработи луѓе со повеќе од 40 или 50 години старост зашто сите претендираат да вработат луѓе до 30-годишна возраст – додава Крстаноски.

Мирните протести ќе продолжат до исполнување на барањата на синдикалната организација на ЕМО. Незадоволните работници планираат да излегуваат секој понеделник, па дури и помасовно, заедно со членови на нивните семејства.

Членовите на синдикалната организација на ЕМО и на капитално поврзаните друштва денеска уште еднаш побараа да им се исплатат заостанатите плати и придонеси за, како што рекоа, да можат на некој начин да обезбедат здравствено осигурување и да однесат корка леб дома.
Мирните протести ќе продолжат до исполнување на барањата на синдикалната организација на ЕМО. Незадоволните работници планираат да излегуваат секој понеделник, па дури и помасовно, заедно со членови на своите семејства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...