fbpx

Во сообраќајка повредено седумгодишно девојче

-

Сообраќајката во која е повредено седумгодишното девојче се случила вчера, околу 14.30 часот, на регионалниот пат Тетово – Пирок. На девојчето, додека одело пеш, налетало патничко возило „киа“ со тетовски регистарски таблички, што го управувал 41-годишен жител од Долно Палчиште.

По несреќата, девојчето, кое добило телесни повреди, пренесено е во тетовската болница и потоа пуштено на домашно лекување. Во извршениот увид, утврдено е дека причина за несреќата била неприлагодена брзина.

Во изминатите шест месеци од годинава се случиле околу 30 сообраќајни несреќи во кои настрадуваат пешаци. Во нив, тешко повредени биле десетина, додека другите завршиле со лесни телесни повреди.

Имајќи ги предвид ваквите бројки, Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до возачите да не возат пребрзо и секогаш да им даваат предност на пешаците, не само на обележани премини, туку и воопшто, зашто во спротивно ќе се соочат со соодветни поднесоци и глоба, која изнесува 300 евра.

На пешаците, пак, им се советува да бидат крајно внимателни, да не се движат по коловоз и да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат. Глобата за невнимателно однесување на пешаците во сообраќајот и за непочитување на постоечките правила и прописи се движи од 20 до 35 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...