fbpx

Во ПС „Пролет“ дневно по 1.000 лица ќе може да ги заменат личните документи

Спасовски информираше дека во периодов инсталирале 10 нови работни станици, каде што ќе можат граѓаните да извршат сликање за документите

-

Во новоотворениот пункт во полициската станица „Пролет“ ќе може по околу 1.000 лица во период од еден ден да ја поминат процедурата за промена на личните документи. Ова денеска го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој заедно со раководството на МВР го посети новоотворениот пункт на МВР за промена на лични документи.

„Од денеска и официјално го почнуваме процесот на фотографирање за лични документи на граѓаните од Скопје, без претходно закажување на редовната постапка, со цел во определениот законски рок, до 12 февруари 2024 година, граѓаните да ја направат промената на личните документи со Република Северна Македонија, задолжителна обврска која што произлезе од Преспанскиот договор потпишан со Грција”, рече министерот Спасовски во изјава за медиумите.

Тој информираше дека во периодов инсталирале 10 нови работни станици, каде што ќе можат граѓаните да извршат сликање за документите.

„Системот е тестиран и овозможува по околу 1.000 лица за период од еден работен ден да ја поминат процедурата. Воедно, сакам да информирам дека работното време на пунктот е од 08.00 до 18.00 часот, со можност за продолжување до 20.00 часот. Спасовски информираше дека на 13 и 14 ноември пред официјалното пуштање во употреба на новиот пункт за прием на барања без закажан термин беа примени околу 1.000 барања и граѓаните беа задоволни од понудените промени без закажан термин“, изјави Спасовски.

Тој додава дека до овој момент на ниво на држава заменети се 1.050.000 патни исправи, 900.000 лични карти и 480.000 возачки дозволи.

Спасовски додава дека дури околу 80 отсто од граѓаните од внатрешноста на државата имаат направено промена на документите со Република Северна Македонија.

„Причина за отворање на овој нов пункт беше бројноста на населението во Скопје, како и фактот дека околу 70 отсто од закажаните термини кои што ги имаат граѓаните резервирано преку телефонскиот број – ги откажуваат, не се појавуваат на тие термини, се презакажуваат нови термини“, вели Спасовски.

Затоа, ние како раководство на МВР одлучивме да излеземе во пресрет на граѓаните, да создадеме можност за започнување на процедурата без закажување на редовната постапка, туку со лично појавување во салата по принципот „прв дојден прв услужен”, рече Спасовски.

Спасовски апелираше до граѓаните да имаат трпение и разбирање кон службениците во управните служби при остварување на својата обврска за промена на личните документи со овој забрзан систем на промена на документите, почитувајќи го редот и дисциплината во објектот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...