Во подготовка: Нова „Томб Рајдер“ игра, серија и долгометражен филм

Tomb Raider -фотографија од Steam
Tomb Raider -фотографија од Steam

Според извештајот на „Холивуд Репортер“ се подготвува изработка на нова „Томб Рајдер“, серија и филм. Амазон ќе ја ангажира сценаристката Фиби Валер-Бриџер која претходно работела на серијата „Fleabag“ да ги пишува сценаријата за Tomb Raider серијата за Prime Video на Амазон. Со популарноста и успехот на серијата The Last of Us повеќето големи компании во адаптациите на игрите во филмови видоа можност за брза заработка. Се зборува и за можна изработка на серија за God of War додека Амазон веќе со сигурност заедно со Хенри Кавел прават серија на база на играта Ворхамер

Што се однесува до Tomb Raider ви препорачуваме да препрочитате наш претходен опис во поодминат напис. И таму спомнуваме една главна карактеристика на Tomb Raider игрите односно задоволството на самостојно наоѓање на решението на претстојните загатки во игрите, без гледање туторијал.

Обично Tomb Raider игрите со приказните одат по работ на премисата дека многу одамна се користела сложена технологија. Самите филмови за Tomb Raider од 2001 со Анџелина Џоли и и 2018 година со Алиција Викандер не го доживеаа посакуваниот успех.