Во ковид центрите во земјава се лекуваат 1.335 пациенти, има слободни 140 болнички кревети

Фото: Арбнора Мемети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.335 и во моментов има 140 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во министерството на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 34 болни. Во болницата во Струмица 66 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 36, а во Гевгелија 13 лица позитивни на корона вирусот.

Од Министерството за здравство додаваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“ велат од МЗ.

Во ковид центрите во главниот град пак, во изминативе 24 часа хоспитализрани се 56 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 489 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември“ појаснуваат од ресорното министерство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 34 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, 11 во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло и девет болни на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а исто толку и Инфективната клиника.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 23 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 25 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, од кои 7 деца и 19 возрасни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.