Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 96 и има околу 460 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерство за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 2 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 8 пациенти, во Прилеп 5, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 3 болни.Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.