fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со години ги оштетува граѓаните и се богати на нивниот грб

-

Криминалното раководство на СДС со години ги оштетува граѓаните на Република Македонија и се богати на нивен грб, се вели во редовното утринско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС е политичка партија која својот централен штаб го има добиено во наследство од поранешната СКМ, за чија наследничка се прогласија и со тоа ги изиграа законите стекнувајќи се со имот од 3.583 метри квадратни, во центарот на Скопје. Централното седиште на партијата како објект на државата од претходниот систем им припаѓа на сите граѓани на Република Македонија, а не на СДС. СДС секогаш била насочена кон црпење на што е можно повеќе ресурси за богатење на партијата и тесното раководство во врвот“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека народот тоа го видел со приватизацијата, со „бонбона бизнисите“, и сега со прифаќањето на Tиранската Платформа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...