fbpx

Вигенин: Власта веќе не може да се вади на цврстина

-

„Подолго време во Република Македонија се создава тензија, политичка, социјална, меѓуетничка, испровоцирана од политиката на Владата. Досега Груевски успеваше да ги покрие искрите преку контрола над медиумите и со користење на безбедносните служби за лични цели. Македонското општество, сепак, не може бескрајно да ја толерира целосната бесперспективност, до која е доведено“, објави на својот фејсбук-профил поранешниот европратеник и сегашен пратеник во бугарското собрание, Кристијан Вигенин.

„Власта веќе не може да се вади на тоа дека со цврстина ќе го реши проблемот. Спонтаните протести од синоќа и сцените на насилство покажуваат дека е достигната точката од која или ќе следи длабока криза со непредвидливи последици или политичката елита ќе манифестира разум и одговорност и ќе почне итни реформи. Сметам дека Социјалдемократскиот сојуз ќе биде сила што ќе разбуди јавната енергија и ќе ја насочи во вистинската насока. Делегација на СДСМ ќе учествува на Балканската конференција која ПЕС и БСП ја организираат в понеделник во Софија и ќе биде важно да ја чуеме нивната гледна точка и да процениме со што и како европските и бугарските социјалисти можат да ги поддржат нивните активности“, се вели во статусот на Вигенин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...