fbpx

Усвоени законските измени: До крајот на годината ќе може да се вози со старите возачки дозволи

Согласно членот 5, возачките дозволи и возачките книшки, кои го содржат натписот ‘Република Македонија’ издадени до денот на започнувањето на примената на законот, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 31 декември 2024 година

-

Експресно, попладнево, Собранието ги донесе законските измени со кои се продолжи рокот на важење на возачките дозволи на граѓани со старото име на државата до крајот на годината, односно до 31.12.2024 година. 

Ова значи дека со старите возачки дозволи, кои имаат валиден рок, граѓаните ќе можат да се движат во државата, но не и надвор од границите.

Измената во членот 5 на Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, ја поднесоа пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Атнан Незири, Димитар Апасив и Павле Трајанов. Собранието ја усвои потребата од донесување на измените во овој закон, а потоа истиот го помина и филтерот на собраниска комисија.

Согласно членот 5, возачките дозволи и возачките книшки, кои го содржат натписот ‘Република Македонија’ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 31 декември 2024 година“. Претходно, во законот наместо 31 декември, предвидено беше тие да важат до 12 февруари 2024, нешто што во јавноста предизвика жестоки реакции.

Имено, иако биле извршени законски измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата уште во мај 2021 година, граѓаните не беа запознаени со деталите од тој закон, особено во делот кој предвидува дека нивните возачки дозволи со „Република Македонија“ нема да бидат валидни. Во меѓувреме, од 2021 година па сè додека да се истрошат старите обрасци, на граѓаните им беа издавани возачки дозволи со старото име на државата.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македнија, Јован Митрески, на денешната редовна координација, на која присуствуваа координаторите на пратеничките групи, го отвори прашањето за проблемот со возачките дозволи и ја нагласи потребата Собранието да преземе итни чекори со цел да се надмине состојбата која произлезе од примената на Преспанскиот договор. Следуваше итна реакција од сите политички субјекти, иако остана отворено прашањето зошто се чекаше досега, зошто граѓаните не беа запознаени со оваа одлука навремено и зошто претходно биле издавани документи со важност подолго од 12.02.2024, кога се знаело дека важноста на истите ќе бидат до 12.02.2024 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...