Фото: ohridtrcat.mk

Комисијата за заразни болести дозволи од 28 до 30 август во Охрид да се организира Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.

Директорот на трката Иван Цвекоски изрази голема благодарност до Комисијата за заразни болести „за начинот на комуникација и посветеноста кој најголемиот приоритет за сите нас во овој момент, заштита, безбедност и сигурност на сите учесници на настанот“.

Според него, „Охрид трчаТ“ ќе биде прва улична трка за оваа година во нашата земја и пошироко.

Бројот на учесници е ограничен на 500, по 250 на полумаратонот (21 километар) и 250 за рекреативната трка на 5 километри. Пријавувањето е отворено до 23 август, 23 и 59 минути доколку претходно не се исполни предвидениот одобрен број за учество. Сите учесници кои ќе се пријават до 20 август ќе имаат ексклузивно право да го имаат своето име и презиме на стартниот број.

Пријавувањето е на официјалната страна www.ohridtrcat.mk, каде што има подетални информации за сè што е поврзано со четвртото издание на „Охрид трчаТ“.