fbpx

Уценувал девојка со компромитирачки фотографии, го фатиле додека ги земал парите

Преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно ѝ се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека, доколку не му исплати 300 евра, ќе објави компромитирачки фотографии и видеа за неа

-

Поведена е постапка против 22-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело  – уцена, соопшти Јавното обвинителство.

Со намера да добие пари, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно ѝ се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека, доколку не му исплати 300 евра, ќе објави компромитирачки фотографии и видеа за неа.

Уценуваната девојка му исплатила 150 евра, но тој продолжил секојдневно да ја уценува, па таа го пријавила случајот. На договореното примопредавање на дел од парите, осомничениот бил затекнат и лишен од слобода.

На осомничениот му се определени повеќе мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за напуштање на домот, обврска да се јавува повремено кај службено лице во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, потоа забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената, како и забрана за користење на социјалните мрежи преку кои го сторил делото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мелони не изјавила дека ,,Русија ќе биде принудена да се предаде, ако не ги прифати условите на Самитот за мир”

Според видеото и транскриптот од нејзиниот говор објавени од страна на италијанската влада, Мелони зборува за тоа дека Украина ќе беше принудена да се предаде, доколку Западот не ѝ ја...