Пет лица осомничени за насилство во дворот на Клинички центар

Вчера, пред Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице

-

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истрага против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство.

Вчера, пред Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, осомничените, во група, ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице.

По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за неговиот син.

Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во...

Прскањето вода на ниви под далекуводи може да е кобно, предупредува МЕПСО

Земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите...

Реконструирани 24 километри пат од Охрид до Свети Наум

Денеска во Охрид беше пуштен во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум. Обновени се 24,3 километри магистрален пат, а инвестицијата е 11,7 милиони евра. Со реконструкцијата е направена...

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи, соопшти денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Информирајќи за...

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи...