Твитер му го врати профилот на Канје Вест по забраната

Американскиот музичар пред да биде суспендират постираше серија навредливи објави, меѓу кои и објава со симбол кој комбинира свастика и Давидовата ѕвезда

Cosmopolitan UK, CC BY 3.0 , via Wikimedia Commons

Корисничкиот профил на Канје Вест е вратен на Твитер по речиси осум месеци забрана поради навредливи објави. Американскиот рапер, познат како Је, беше обвинет за кршење на правилата на платформата кои забрануваат поттикнување насилство, пренесе Би-би-си.

Сметката на Је сега ја прикажува неговата последна објава од 2 декември 2022 година, еден ден пред да биде суспендиран.

Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, која сега е ребрендирана во „Х“, Илон Маск, тогаш рече дека Је го прекршил правилото против поттикнување насилство и најави суспензија на неговата сметка.

Ова следуваше откако музичарот постираше серија навредливи објави, меѓу кои и објава со симбол кој комбинира свастика и Давидова ѕвезда.

Је беше суспендиран и од Инстаграм во март минатата година, откако употреби расна навреда во врска со комичарот Тревор Ноа.

Засега, ниту „Х“, ниту сопственикот Илон Маск јавно не го искоментираа враќањето на сметката на Је.

Маск претходно ја врати и корисничката сметка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, откако спроведе анкета на Твитер при што 51,8 отсто од корисниците гласаа за негово враќање.

Трамп рече дека повеќе нема интерес да се врати на оваа социјална мрежа.