fbpx

Црвен крст со апел за помош за настраданите од поплавите

-

Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението, за што надлежните институции веднаш презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите, се вели во соопштението на Црвен крст на Македонија.

„Црвениот крст, во согласност со сопствените капацитети, веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење. Во овој момент се наметнува потреба за обезбедување дополнителни количества вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја, каде поради излевање на реките, водата не е за пиење. Во согласност со направената процена, во моментот има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за дезинфекција). Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје, во магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин поток, со адреса ул. Момин поток бб (телефон за контакт: 3114 – 355). Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување парична помош, со донирање средства преку жиро-сметка на Фонд на солидарност 300000001327966, ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, како и со донирање 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400.
Хуманитарната акција почнува од 3 февруари 2015 година и ќе трае до 15 февруари. За текот и за резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.
Црвениот крст на РМ упатува голема благодарност до граѓаните за интересот и за подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ дополнително ќе информира за евентуалната потреба од вклученост на граѓаните за обезбедување на конкретна материјална помош“, стои во апелот од Црвениот крст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...