fbpx

Ципрас денеска му честитал на Заев

-

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, денеска му го честитал на македонскиот колега Зоран Заев, стапувањето на премиерската функција и нагласил дека очекува заборавање на недоразбирањата и на анахронизмите од минатото и, наспроти сето тоа, новата влада да се ориентира на иднината.

„Уверен сум дека Вашата Влада ќе покаже политичка решителност да работи на промовирање на позитивна агенда за нашите билатерални односи, оставајќи ги зад себе, еднаш засекогаш, анахронизмите од минатото и фокусирајќи се на иднината на нашите земји и на регионот. Во очекување сум на блиска соработка со Вас, почитуван колега“, стои во честитката на грчкиот премиер Алексис Ципрас до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Притоа Ципрас нагласил дека Грција останува решена да ја промовира стабилноста и безбедноста на регионот.

„По повод преземањето на Вашите должности како премиер, Ви изразувам честитки и најдобри желби за успех. Република Грција останува посветена на промовирањето на стабилноста, безбедноста и на соработката во Југоисточна Европа. Врз основа на ова, мојата влада е подготвена тесно да соработува со Вашата, за да ги зајакнеме нашата билатерална соработка и односи, вклучително и преку тековните мерки за градење доверба“, се вели во честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последици од невремето: поплавени куќи и подруми, паднати дрва, уништени автомобили

По вчерашното невреме што ги зафати Скопје, Гостивар и Тетово околу 16.30 часот, од Центарот за управување со кризи (ЦУК), информираа дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи...