fbpx

„Транспортер“: Одбраната на Талески побара иземање на судиите

-

На новото рочиште за случајот „Транспортер“ во Основен суд Скопје 1 денеска, на кое се присутни сите 21 обвинети лица, адвокатот на главниот обвинет, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, побара изземање на судечкиот совет.

Со тоа, уште еднаш се повтори практиката бранителите на поранешните високи функционери од различни нивоа да бараат изземање на судиите кои ги судат случаите по обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство.

По барањето, судот даде пауза од еден час.

Во „Транспортер“  обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што, според обвинението, е направена проневера на околу 360.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...