fbpx

Коѕиас во Вашингтон во април

-

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, се подготвува за посета на САД. Според грчкиот весник „То вима“, Коѕиас на покана на Стејт Департментот ќе го посети Вашингтон и ќе има средба со американскиот државен секретар Џон Кери.

Средбата, според првичните информации, се очекува да биде на 20 април и да има обемна агенда на разговори.

Посетата на САД ќе биде неколку недели по патувањето на Коѕиас во Москва заедно со премиерот Алексис Ципрас, закажано за 8 април.

Коѕиас и Кери веќе имаат двапати разоварано телефонски, а средбата во Вашингтон ќе им даде можност тет-а-тет да разговараат и за економијата, регионалната стабилност и за клучните прашања од грчката надворешна политика.

На агендата на Кери и на Коѕиас се очекува да се најдат проблемите од Блискиот Исток и од Северна Африка, загрижувачкиот тренд на порастот на џихадизмот, нуклеарната програма на Иран, кризата во Украина, но и дискусија за енергетските прашања и за соработката на Грција со Русија. Според „То вима“, од агендата нема да изостанат ни грчките „национални“ прашања – Кипар, спорот за името, проблемите со Турција.

Според најавите, Коѕиас го очекува долг и напорен април, бидејќи покрај средбите во Москва и во Вашингтон, тој најави дека во април ќе се достави и листата мерки за градење доверба до македонската влада и ќе се почнат разговори во таа насока за подобрување на довербата меѓу двете страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...