fbpx
Таг: златарница

таг: златарница

Уапсени петмина членови на бандата „Пинк Пантер“ во Барселона

Шпанската полиција уапсила петмина осомничени членови на т.н. банда „Пинк Пантер“, додека се обидувале да ограбат златарница во Барселона, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-би-си“, специјална единица поставила заседа во златарницата и ги чекала крадците. Еден од нив, според полицијата бил вооружен, а во подготовката на операцијата за нивно апсење биле вклучени и полициите на Германија и на...

Маскиран и вооружен разбојник ограбил златарница во Кочани

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчера претпладне ограбил златарница во Кочани, од која однел поголемо количество златен накит, информираат од полицијата. Грабежот се случил околу 11.35 часот, во златарницата „Боно“. Разбојникот, според полицијата, ја нападнал вработената, удирајќи ја со тупаници во главата, поради што таа паднала на подот, а потоа одзел поголемо количество златен накит и избегал. Вработената била пренесена во...

Ограбена златарница во Скопје

Вчера, околу 19.15 часот, во Скопје, на улица Кеј 13 Ноември, непознат сторител вооружен со огнено оружје извршил разбојништво во златарницата „Рубин“, информираат од МВР. Сторителот, откако влегол во продавницата, каде присутни биле две вработени, со оружјето го искршил стаклото од витрината, одзел 16 подебели синџирчиња и го напуштил местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Вработен во златарница набркал разбојник со спреј-солзавец

Вработен во златарницата „Голд принцес“ вчера со спреј-солзавец набркал разбојник, кој со нож влегов во дуќанот и се обидел да го ограби. Според полициските информации, вчера, околу 11 часот, во златарницата, на улицата 8 Септември во Велес, влегол непознат сторител и со закана со нож од вработениот го побарал целото злато. Вработениот, наместо златото, од работниот пулт извадил спреј-солзавец и го...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...