fbpx
Таг: Закон за јазиците

таг: Закон за јазиците

Груби ја закажа седницата за законот за јазиците на Денот на албанската азбука

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, како што најави, комисиската седница на која во второ читање ќе се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, ја закажа за 22 ноември - Денот на албанската азбука, потврдија од Комисијата за „Мета“. Груби го најави тоа вчера, на прес-конференција во Собранието на Република Македонија, откако на продолжението на 15. собраниска...

Седницата за законот за јазиците Груби ќе ја закаже в среда на Денот на албанската азбука

Предлог –законот за употреба на јазиците сега треба да оди во комисијата за европски прашања. Јас комисиската седница ќе ја закажам за 22 ноември, Денот на албанската азбука и очекуваме целата процедура да се заврши и законот да биде изгласан до крајот на оваа година. Со тоа ќе се затвори и последното прашање на Охридскиот рамковен договор, односно од...

Пратениците му дадоа виза на законот за јазиците да оди на комисиска расправа

На денешното продолжение на 15-тата седница, пратениците, со 66 гласа „за“ и 41 „против“, го пуштија предлог-законот за употреба на јазиците на второ читање во надлежните комисии. Кога почна гласањето од пратеничките клупи на ВМРО-ДПМНЕ се слушаа извици „против, против“. Пред гласањето координаторот на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски се обрати процедурално и кажа дека со овој закон не се...

Пратениците денеска ќе гласаат дали законот за јазиците ќе го пратат до комисиите

Откако вчера се исцрпе расправата за предлог-законот за употреба на јазиците, пратениците денеска треба да гласаат дали Собранието ќе го прати овој текст на второ читање. Во расправата во неколкуте продолженија на 15-тата седница, пратениците од опозицијата обвинуваа дека законот е против Уставот и начелото за унитарност на државата, а пратениците од владејачката коалиција тврдеа дека овозможува остварување на човековото...

Заврши расправата за законот за јазиците, седницата продолжува утре

По само 13 минути дискусија по паузата за ручек претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата на Собранието на која се разгледуваше предлог-законот за употреба на јазиците. Тој констатира дека е исцрпена листата на пратениците што се пријавил за збор, па најави дека таа ќе продолжи утре во 12 часот. Претходно во расправата реплицирајќи му на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ,...

ВМРО-ДПМНЕ најавува „многу амандмани“ на законот за јазиците

Денешното, осмо продолжение на 15-тата седница на Собранието, на која како и вчера се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците минува главно со изнесување на истите аргументи од пратениците од опозицијата и власта. Мал отскок од поделеноста на дискусиите на двете спротивставени страни направи независната пратеничка, Ирена Стефоска. Таа порача дека со законско решение за јазиците мора да се почитува...

Во Собрание продолжува расправата за законот за јазиците

Со почеток точно напладне, Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата за предлог-законот за употреба на јазиците. За овој закон се расправаше и вчера, на седмото продолжение на 15-та седница, и тоа беше првото продолжение по паузата во работата на Собранието поради локалните избори. На вчерашната расправа, пратениците од власта и опозицијата беа со спротивставени ставови, а...

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ подготвуваат амандмани за законот за јазиците

Реплицирајќи му на својот колега Владимир Ѓорчев, пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец во расправата на собраниската седница за законот за употреба на јазиците, кажа оти СДСМ подготвува амандмани за законот, за тој да биде функционален и во склад со Уставот, а слушнал дека и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави. Локвенец посочи дека со законот за јазиците, намерата е да се затвори...

ВМРО-ДПМНЕ бара за законот за јазиците да се гласа со двотретинско мнозинство

Во едночасовната расправа за предлог законот за употреба на јазиците опозицијата го обвини парламентарното мнозинство дека сака набрзина да спроведе нешто што е неуставно, а кое што СДСМ не го најавил во изборната кампања за парламентарните избори. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека законот е неуставен и дека треба да се изнајде ново решение со кое би се овозможила праведна примена на јазиците...

Почна маратонската расправа за законот за јазиците

Собранието денеска продолжи со 15 седница на која главна точка е предлог-законот за употреба на јазиците. Ова е прво продолжение на расправата за овој закон, по паузата поради локалните избори. Во собраниската сала се речиси сите пратеници од СДСМ и од владејачката коалиција, додека во пратеничките клупи резервирани за ВМРО-ДПМНЕ има едвај 12 пратеници. Во многу мал број се присутни...

ОМД: Заев вети дека во 2019 година ќе има попис во Македонија

Премиерот Зоран Заев на средбата со Обединетата македонска дијаспора (ОМД) рекол дека во 2019 година ќе биде спроведен попис на населението во Македонија, тврди ОМД во соопштението за средбата што се одржа оваа недела во Њујорк, каде премиерот со владина делегација присуствува на 72. Генерално собрание на Обединетите нации. На средбата претседателот на ОМД, Методија Колоски, стои во соопштението, побарал...

Законот за јазиците денеска излегува од Комисијата за европски прашања

Во Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска треба да заврши расправата по единствената точка од дневниот ред, Законот за употреба на јазиците, во прво читање. Во рамките на денешната расправа, која почнува во 12 часот, се најавени завршни обраќања на координаторите на четирите најголеми групи во Собранието, по што ќе се гласа за законот, и потоа,...

Заев очекува од Нимиц нови предлози за името до крајот на годината

Премиерот Зоран Заев денеска во Драч изјави дека очекува од специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, да добие нови предлози до крајот на годинава. - Очекувам до крајот на годината да има нови идеи од Нимиц за решавање на овој проблем. Убеден сум дека позитивниот амбиент што постои...

Османи: Патот до Брисел води преку Рамковниот договор и Законот за јазиците

Патот до Брисел води преку Охридскиот рамковен договор и Законот за јазиците како едно од најсензитивните и најважните прашања од договорот, вели вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју за „Телма“. Тој вели дека Законот за јазиците е со европско знаменце, што предвидува негово донесување во брза постапка, затоа што е дел од националната програма за усогласување со европското...

По бурната и тензична расправија, Џафери закажа саботно продолжение на собраниската седница

Минута по 22 часот претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 6-тата седница, на која се расправа за разрешување на Jавниот обвинител Марко Зврлевски, и го закажа следното нејзино продолжение за утре во 12 часот. За разлика од тензичната атмосфера меѓу 19 и 20 часот, кога првин пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу говорницата и бараа пауза, по што уследи ...

Села: Ако во првите 100 дена не биде усвоен законот за јазиците, ќе ја напуштиме Владата

Лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, денеска на редовното партиско собрание во Тетово рече дека доколку во првите 100 дена од новата влада не биде усвоен законот за проширена употреба на албанскиот јазик, неговата партија ќе ја напушти коалицијата. Села смета дека тоа би била последна мерка за која се надева дека ќе нема потреба да се...

Села: Досегашните предлози за употреба на албанскиот јазик за нас се неприфатливи

Предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик, за кои се зборува во јавноста, се неприфатливи за Зијадин Села. Претседателот на Движењето за реформи на ДПА не сакаше да открие за какви предлози станува збор, додавајќи дека неговата партија останува на ставот за целосно официјализирање на албанскиот јазик. - Стоиме на ставот дека нема да очекуваме некој да си игра...

Заев: Од ДУИ добивме документ со решенија за Законот за јазици, работна група го разгледува

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека доцна синоќа од ДУИ добиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот. - За нас е прифатливо се што е во рамките на Уставот и...

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...