недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: велосипеди | 61 резултати

За две години, нула изнајмени велосипеди и нула денари заработка за „Градски паркинг“ (инфографик)

12 февруари 2020

И покрај тоа што Градот Скопје има поставено цел до 2021 година дури 5 отсто од вкупниот број на патувања на граѓаните да бидат со велосипеди, во реалноста бројките покажуваат дека јавниот систем за изнајмување велосипеди не функционира веќе две години. Остварените приходи на ЈП „Градски паркинг“ од изнајмување велосипеди во 2018 и 2019 година […]

Со изнајмен точак околу светот (видео)

17 октомври 2019

По најавата дека од пролет во Скопје ќе има систем за изнајмување точаци, Кика Авеиро во нејзиното ново видео од прва рака ни ги покажува нејзините прошетки низ Вашингтон и Сан Франциско на изнајмен точак. Во видеото таа раскажува зошто преферира да вози точак, кои се бенефитите и охрабрува што е можно повеќе луѓе да […]

На пролет ќе почне воведувањето систем на ЈСП за изнајмување велосипеди во Скопје

10 октомври 2019

ЈСП – Скопје ги врши подготвителните активности за отпочнување на процедурата за изработка на проект за воведување на систем за изнајмување велосипеди. Јавните велосипеди би биле достапни на 30 локации низ Скопје, а би се изнајмувале со кредитна и дебитна картичка или со СМС порака. Покрај автоматизиран систем за изнајмување, идните велосипеди би имале систем […]

Error 1200: Кога градоначалникот вози по велосипедската патека во Тетово (видео)

12 септември 2019

Младите од Че Тим ТВ го реализираа продолжението на видеото за Антикорупција. Клучното прашање е: Колку велосипедски патеки има во Тетово? Колку се безбедни? Погледнете што се случува кога „градоначалникот“ на општината решава да вози велосипед во Тетово… Преку сарказам, тие ги третираат проблемите со кои се соочуваат сите во Северна Македонија. Особено младите луѓе. […]

Нов повик за субвенции за велосипеди и електрични тротинети на Град Скопје

26 јуни 2019

Граѓаните што купиле електричен тротинет од 1 јануари годинава ќе можат да аплицираат на повикот на Град Скопје за надоместување на 30% од неговата вредност, односно да повратат до 7.000 денари по набавен тротинет. Градските власти денеска распишаа два јавни повици за субвенции за електрични тротинети и велосипеди, кои ќе траат до 30 ноември или […]

„Скопска“, освен за билети на ЈСП, да се користи и за други плаќања

10 април 2019

По повеќе од две години од нејзиното воведување, електронската картичка „Скопска“ сè уште се користи единствено за патување со јавниот автобуски превоз во Скопје. Експертите посочуваат дека скопските јавни претпријатија треба да се обидат на оваа картичка да го вклучат и плаќањето паркинг за возилата, изнајмувањето велосипед, па дури и некои нетранспортни услуги од типот […]

Скопје ќе воведува нов автоматизиран систем за изнајмување велосипеди

9 април 2019

Наместо изнајмување велосипед со лична карта на паркинзите на Ј.П. „Градски паркинг“, Скопје во иднина ќе добие автоматизиран систем за изнајмување на овие превозни средства на 30 локации низ градот. Градските власти планираат да воведат јавен систем за самоизнајмување 450 велосипеди, кои ќе бидат опремени со систем за позиционирање (ГПС). Граѓаните што сакаат да изнајмат […]

Велосипед не може да влезе во македонските „кинески“ возови

25 февруари 2019

И покрај тоа што беа набавени како нови, со кинеските возови нема можност да се врши превоз на велосипеди. Македонија е една од ретките европски земји во која не постои одвоен простор наменет за велосипеди во вагоните. Во новите моторни гарнитури е невозможно да се внесе велосипед, а притоа да не се блокира некоја од […]

„Китка“, селска идила и гозби под Љуботен ве очекуваат во Вратница

13 декември 2018

Авантуристите, планинарите, ловците, но и секој што љуби планински амбиент и вкусна органски произведена домашна храна и специјалитети од Долни Полог, ќе најдат одлично место за остварување на желбите во хостелот и ловечка куќа „Китка“ во живописното шарпланинско село Вратница, од каде погледот го плени моќниот врв Љуботен. До селото се стигнува лесно – без […]

Општина Чаир ќе доделува субвенции за велосипеди

27 јули 2018

Општина Чаир денеска ја пушти во употреба велосипедската патека на улицата Втора Македонска бригада и соопшти дека ќе доделува субвенции за велосипеди. Новата велосипедска патека е поставена на коловозот на улицата и е обележана со пластични конуси. Таа беше поставена заедно со Град Скопје, а завршувањето на работите денеска свечено го одбележаа градоначалникот на општина […]

Промовирани пет станици за поправка на велосипеди во Скопје

5 јули 2018

Град Скопје и Стопанска банка АД – Скопје денеска ги промовираа 5-те станици за поправка на велосипеди кои ќе им овозможат на велосипедистите да извршат мали интервенции на своите велосипеди. Локациите на сервисните станици се на места каде што има поголема фреквенција на велосипедски сообраќај и на позиции каде што веќе постои 24 часовен видеонадзор, […]

Град Скопје има буџет за уште околу 300 барања за субвенции за велосипеди

4 јуни 2018

Град Скопје ги информира граѓаните дека од објавениот jавен повик на 21 април до денеска, се поднесени 2.860 барања за субвенции за купување велосипед. „Според предвидените финансиски средства за оваа намена во буџетот на Град Скопје, преостануваат средства за уште околу 300 барања. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 […]

Град Скопје ќе субвенционира и велосипеди за лица со посебни потреби

12 април 2018

Град Скопје ќе издвои 10 милиони денари за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди, информираат од таму. „9 милиони денари ќе бидат издвоени за субвенции за набавка на велосипеди, а 1 милион денари ќе бидат издвоени за субвенции за набавка на рачни велосипеди или рачни велосипеди со електрично помагало за лица со посебни потреби“, […]

Граѓаните поднеле 800 барања за субвенции за велосипеди до Град Скопје

23 мај 2017

Од објавувањето на јавниот повик до денеска, до Град Скопје се поднесени повеќе од 800 барања за субвенции за купување на велосипеди, информираат оттаму. Средствата што ќе ги надоместува Град Скопје се во износ од 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето-износ по лице. „Град Скопје, со цел да […]

Велосипедската патека на кеј во Горно Лисиче се продолжува за два километри

15 мај 2017

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ја асфалтираат патеката за возење велосипеди и ролерки на реката Вардар во Горно Лисиче, на потегот од големиот парк на булеварот Февруарски поход до железниот мост во Горно Лисиче, од десната страна. Оваа патека е во должина од 2.000 метри, со ширина од четири метри. […]

„Марш на молкот“ низ скопските улици

26 септември 2015

Стотици граѓани се собраа кај фонтаната во градскиот парк во Скопје, на крстосницата каде последна жртва на сообраќајна несреќа беше малолетниот Давид. Тие во знак на револт ги оставија своите велосипеди на крстосницата зад транспарент на кој пишуваше „Коце, врати ни ги улиците“. Златко Радески, татко на девојче кое загина на пешачки во Ново Лисиче, […]

Градските советници одлучија во Скопје да се вози со 50 км/ч

22 септември 2015

Советниците на Град Скопје денеска донесоа одлука да се усвојат заклучоците што ги предложија советниците од СДСМ, а се наменети за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Како што информираше денеска на прес-конференција координаторот на советничката група на СДСМ, Дамјан Манчевски, дел од предлозите се: намалување на дозволената брзина на движење на возилата на 50 километри на […]

Страна 3 од 3