fbpx

Нов повик за субвенции за велосипеди и електрични тротинети на Град Скопје

Градските власти денеска распишаа два јавни повици за субвенции за електрични тротинети и велосипеди, кои ќе траат до 30 ноември или до исцрпување на планираните буџетски средства. Доделувањето на субвенциите ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“

-

Граѓаните што купиле електричен тротинет од 1 јануари годинава ќе можат да аплицираат на повикот на Град Скопје за надоместување на 30% од неговата вредност, односно да повратат до 7.000 денари по набавен тротинет. Градските власти денеска распишаа два јавни повици за субвенции за електрични тротинети и велосипеди, кои ќе траат до 30 ноември или до исцрпување на планираните буџетски средства. Доделувањето на субвенциите ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

На вториот по ред повик за субвенции за велосипеди ќе можат да поднесат барање сите оние граѓани што купиле вакво превозно средство во периодот од 27 мај сè до исцрпувањето на буџетот за оваа намена. „Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход“, информираат градските власти. На првиот јавен повик што беше организиран пролетва до Градот Скопје пристигнале 3.472 барања за субвенции за велосипеди.

И на двата јавни повика може да учествуваат единствено жители на скопските општини, кои покрај барањето за субвенции, до архивата на Град Скопје ќе треба да достават фискална сметка, изјава дека не користеле субвенција претходно за набавка на велосипед/електричен тротинет од Град Скопје, фотокопија од трансакциска сметка и фотокопија од лична карта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...