fbpx
Таг: уставни измени

таг: уставни измени

Дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ се повлекоа од дискусија во Собранието

Дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ се откажаа од своите дискусии на собраниската седница за пристапување кон уставни измени кои произлегуваат од Договорот со Грција. Според информациите на медиумите, ова се случило откако не му беше дозволено на говорница да се обрати претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Џафери, повикувајќи се на Деловникот кажа  дека не може лице кое не е пратеник...

Ѓорчев, „благо речено“, излажа за бројот на иселени од Бугарија, Романија и Латвија по влезот во ЕУ (инфографик)

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев вчера во реплика во Собранието за време на седницата за уставни измени наведе неколку бројки со кои тврдеше дека три земји откако влегле во Европска Унија драстично им се намалил бројот на жители. Но, бројките му се погрешни. - Да бидеме искрени, апсолутно докажлива манипулација е и невистина да се каже дека ако нам ни...

Заев: Не ми паѓа на памет да влијаам на судот, прифаќам разговор со Мицкоски

На вториот ден од Седницата за уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски му предложи на премиерот Зоран Заев да се види со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за да пронајдат заедничко решение. - Нема да гласам за пристапување кон уставни измени затоа што спогодбата од Преспа мене како човек ми налагаше да не...

Милошоски: СЈО врши притисок врз пратениците за да гласаат за уставните измени

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по распитот во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случајот „Моќник“ денеска обвини дека тој распит и распитите на 15 негови колеги - пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се притисок за тие да гласаат за уставните измени. - По неуспешниот референдум, околу 15 мои колеги пратеници, меѓу кои и јас, се повикани од страна на Специјалното јавно обвинителство...

Продолжува седницата за уставните измени денеска во 11 часот

Пленарната седница на Собранието на Македонија за уставните измени, која почна вчера, ќе продолжи денеска во 11 часот. Пријавени за збор се 66 пратеници. Во текот на вчерашната расправа немаше никакво поместување на ставовите и на власта и на опозицијата, со исклучок на пратеникот од владејачкото мнозинство, Ферид Мухиќ. Тој иако претходно рече дека нема да ги поддржи уставните измени,...

Српски медиуми: Заев нуди амнестија во замена за двотретинско мнозинство

„Денот Д за Македонија“, „Историска седница на Собранието“ и „Заев понуди амнестија за двотретинско мнозинство“, се дел од насловите на многубројните новинарски текстови во Србија за денешната седница за уставните измени на македонскиот парламент. Речиси сите медиуми велат дека премиерот Зоран Заев повикал на национално помирување и дека „на највлијателната опозициска сила ВМРО-ДПМНЕ, како гест на добра волја и понудил...

Двете крила за БЕСА не го поддржуваат Заев за амнестирањето

Двете крила на БЕСА, тоа на Биљал Касами и тоа на Африм Гаши сметаат дека е неприфатлива понудата на премиерот Зоран Заев да се „амнестираат“ обвинетите за насилствата на 27 април 2017 во Собранието. Според групата предводена од Африм Гаши, политичарите не смее да се мешаат во работата на правосудството, а помирување е можно само по преземање одговорност, извести „Порталб“. -...

Заев повика на помирување и на простување

Многу се поделивме пред се политички, се замразивме, се закрвавивме ќе се испоубиeвме пред очите на сите на 27 април, еве прилика да си простиме и да се помириме, рече премиерот Зоран Заев денеска во Собранието, при образложување на владиниот предлог за уставни измени. „Ајде десната страна да подаде рака на левата и левата да и подаде на десната, испраќам...

Собраниската седница за уставни измени – тест за двотретинското мнозинство

Денеска во 11 часот ќе започне собраниската пленарна седница на која на дневен ред ќе се најде Предлогот на Владата за уставни измени кои произлегуваат од Договор со Грција. Предлогот за уставни измени во петокот беше изгласан во Комисијата за уставни прашања која расправаше два од можните десет дена. За предлогот гласаа 10 пратеници од владејачкото мнозинство додека 7 пратеници...

Мисовски: ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат несогласувањата и да ги гласаат уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат внатрешните несогласувања и да не го спречуваат ЕУ-интегративниот процес, порача потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски. Тој ги повика пратениците од опозицијата да гласаат за уставните измени. -Не сакам да поверувам дека пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ако се случи да не помине гласањето, нема друга опција,...

Втор ден комисиската расправа за уставните измени

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска треба ќе ја одржи втората седница на која се расправа за уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Грција. Расправата почна завчера, но ставовите на власта и опозицијата не се променија. Власта смета дека ова е неповторлива шанса за напредок на Македонија и членство во ЕУ и НАТО, а опозицијата тврди дека процесот е...

Заев: Дали има мнозинство ќе се види на гласањето, но нема поткуп

Не се нудат пари на пратениците за да гласаат за уставните измени, а најдобрата опција во моментот е Собранието, а не предвремени избори, порача премиерот Зоран Заев пред новинарите денеска. Тој рече дека дали има двотретинско мнозинство за да се направат уставните измени ќе се види дури во процедурата во парламентот, но изрази оптимизам дека може да се постигне мнозинство....

Владата ги подготви уставните измени и ги испрати во Собранието

На вчерашната 92-седница, Владата ја донела одлуката за уставните измени, односно во Собранието да ги достави измените за кои ќе бара поддршка. Тоа се случува во период кога уште не е дефинирано дека е подготвен теренот за менување на Уставот, оти за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, односно 80 пратеници. „Владата на РМ го утврди текстот усогласен согласно...

Вонредна седница на владата за уставните измени

Владата денеска во 16 часот ќе одржи вонредна седница на која што единствена точка на дневен ред ќе биде - Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија. Засега е непознато дали Владата обезбедила двотретинско мнозинство во парламентот за уставни измени со цел применување на Договорот од...

Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно неприфатливи

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи, изјави премиерот Зоран Заев денеска во Охрид, каде што учествува на научна конференција за идниот економски развој на Македонија што ја организира МАНУ. - Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира...

Шекеринска: Работата на уставните измени ќе почне по референдумот

Поголеми избори и појасно изјаснување од претстојниот референдум нема да имаме. Таа порака граѓаните ќе ни ја упатат на 30 септември и затоа нашиот повик до сите е да го искористат тоа право и да го кажат својот став, одговори министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање дали предвремените парламентарни избори се опција „Б“ по изјаснувањето на пратеници...

Џафери: Договорот со Грција во Службен весник по референдумот заедно со Законот за јазици

Официјалниот дел на кампањата за референдумот ќе започне на 10 септември, а во кампањата ќе учествуваат сите оние кои што сакаат да учествуваат, а во кој контекст ќе учествуваат, дали ќе го поддржат или ќе бојкотираат или ќе повикаат да се гласа против зависи од нив, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. -Веќе скоро три...

Села ќе бара во Уставот и во пасошите да стои „Албанци/граѓани на Северна Македонија“

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на прес-конференција во Собранието порача дека го поддржува договорот со Грција, но дека има забелешки. Тој рече дека при менувањето на Уставот, неговата партија ќе бара во пасошите и во Уставот за македонските Албанци да стои „Албанци/граѓани на Северна Македонија“. Села рече дека е незадоволен од постигнатото на лидерските средби и дека албанскиот...

Заев: Очекувам решение за името до крајот на јуни, Уставот ќе се отвора пред влезот во ЕУ

Со овие продемократски, прозападни и проевропски манири со коишто се однесуваме и двете страни во разговорите верувам дека ќе смогнеме сили до самиот крај да изнајдеме решение кое биде од корист на двете страни. Верувам дека може Македонија заедно со Грција да постигне решение пред одржувањето на Советот на министри, односно Советот на Европа. А веднаш после него е...

Турскиот парламент ги одобри уставните реформи за зголемување на власта на Ердоган

Турскиот парламент ги одобри измените на уставот на земјата што предвидуваат зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштил парламентот. Со ова, како што јавуваат светските агенции, е отворен патот за одржување на референдум во Турција на кој граѓаните на земјата ќе треба да се изјаснат за промените, кои на Ердоган, покрај поголеми овластувања, ќе му овозможат да остане претседател...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...