fbpx
Таг: УСС УКЛО

таг: УСС УКЛО

Наместо ваучери за туризам, студентски собранија бараат енергетска ефикасност на факултетите и домовите

Најавените ваучери за домашен туризам за студентите на државните универзитети наидоа на реакција од дел од универзитетските студентски собранија и организации, кои предложија пренамена на средствата. Мерката беше најавена минатата седмица, кога министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека ваучерите што претходно беа наменети за работници со ниски приходи, од следната година ќе може да ги користат само студентите. „Во соработка...

Борис Гушевски избран за нов претседател на УСС УКЛО

Студентот Борис Гушевски е избран за нов претседател на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УСС УКЛО) во Битола. Гушевски е студент во втора година на битолскиот Технички факултет. Тој бил избран на конститутивната седница на студентското собрание што вчера се одржа во Студентскиот информативен центар (СИЦ), при што се избрани и новите членови на раководството на ова тело. Избрани...

Студентскиот информативен центар во Битола отворен за учење и настани за студентите [фото]

Студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола од пред неколку месеци на располагање имаат нов простор каде ќе можат да учат, да организираат настани, да дејствуваат и творат. На 10 ноември минатата година, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на науката на УКЛО, беше отворен Студентскиот информативен центар (СИЦ), прв од ваков вид во југозападниот регион. Центарот...

Студенти од Педагошкиот факултет во Битола останаа без субвенциониран оброк поради грешка на факултетот

Стотици студенти на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола уште ги немаат добиено првите средства за субвенциониран студентски оброк, иако на другите студенти им беа исплатени во втората половина на декември. И покрај тоа што ги исполнувале условите, ниту еден студент од втора, трета и четврта година на овој факултет не ги добил субвенциите за...

Симона Наумовска е избрана за нова студентска лидерка на УКЛО

Симона Наумовска УСС УКЛО
Успешно заврши изборот на Претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УСС УКЛО) во Битола. Со тајно гласање, за претседателка на универзитетското собрание е избрана Симона Наумовска. Наумовска е редовна студентка на Ветеринарниот факултет. „Со изборот на Симона Наумовска за студентски лидер на УКЛО на тајно гласање од  три утврдени кандидатки, на УКЛО уште...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...