Студентот Борис Гушевски е избран за нов претседател на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УСС УКЛО) во Битола.
Гушевски е студент во втора година на битолскиот Технички факултет.
Тој бил избран на конститутивната седница на студентското собрание што вчера се одржа во Студентскиот информативен центар (СИЦ), при што се избрани и новите членови на раководството на ова тело.
Избрани се и членови на органите на УСС УКЛО и делегирани се претставници од студентите во органите и телата на Универзитетот – Ректорската управа, Универзитетскиот сенат и постојаните комисии на универзитетот. Студентите донеле и одлука за објавување на конкурс за избор на нов студентски правобранител на УКЛО.
Претходно, функцијата претседател на УСС УКЛО ја извршуваше Душан Стевановски.