понеделник, 16 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: УКЛО | 30 резултати

Студентите од самохрани и еднородителски семејства на УКЛО од годинава ќе студираат со половина партиципација

18 јули 2023

Новите студенти на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) чие родителско право го врши само еден родител, од претстојната академска година ќе плаќаат половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии. Ваква одлука донесе ректорската управа на УКЛО во септември минатата година, кога беше најавено дека правилото ќе важи од учебната 2023/2024 година. Одлуката, […]

УКЛО го објави конкурсот за упис на студенти во новата академска година

10 јули 2023

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) го објави конкурсот за запишување на нови студенти во акдемската 2023/2024 година и истиот е достапен на интернет-страницата на универзитетот. На 11 единици на УКЛО во следната академска година место има за 2.565 нови студенти. Од нив, 1.351 места се за студенти што ќе студираат со државната квота,  […]

Дигитализација на универзитетите: И годинава студентите губат нерви со хартиени индекси и со потврди

7 јули 2023

Дел од државните универзитети многу заостануваат во процесот на дигитализација, што резултира со тоа студентите да губат време и нерви за пријавување на семестар на студентски прашања на факултетите, плаќање во банки за било каква услуга од факултетите и чекање со часови за да се подигне документ од студентски прашања. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, […]

УКЛО стана првиот македонски универзитет што е дел од европска универзитетска алијанса

5 јули 2023

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола (УКЛО) стана првиот и единствен македонски универзитет кој е дел од европска универзитетска алијанса, соопштија од овој универзитет, додавајќи дека за ова веќе известиле Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Европската универзитетска алијанса во која членува УКЛО е наречена COLOURS […]

УКЛО утре организира Отворен ден под мотото „Нови перспективи“

24 април 2023

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола (УКЛО) утре, на 25 април, ќе одржи Отворен ден на кој ќе бидат презентирани студиските програми, а тековните и идните студенти ќе имаат шанса за дружење, како и за запознавање со кариерните можности. Настанот ќе се одржи од 12 до 19 часот, на платото пред Офицерскиот дом во Битола. […]

Студентскиот информативен центар во Битола отворен за учење и настани за студентите [фото]

19 март 2023

Студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола од пред неколку месеци на располагање имаат нов простор каде ќе можат да учат, да организираат настани, да дејствуваат и творат. На 10 ноември минатата година, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на науката на УКЛО, беше отворен Студентскиот информативен центар (СИЦ), прв од ваков […]

Студенти од Педагошкиот факултет во Битола останаа без субвенциониран оброк поради грешка на факултетот

13 јануари 2023

Стотици студенти на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола уште ги немаат добиено првите средства за субвенциониран студентски оброк, иако на другите студенти им беа исплатени во втората половина на декември. И покрај тоа што ги исполнувале условите, ниту еден студент од втора, трета и четврта година на овој факултет не […]

Прв академски час во новата учебна година, студентите се враќаат во предавалните и амфитеатрите

3 октомври 2022

По две и пол години претежно поминати дома во учење од далечина, студентите денеска се вратија во нивниот природен дом – амфитеатрите и предавалните на факултетите. Државните универзитети денеска го одржаа првиот академски час за новата генерација на студенти со што се означи почетокот на новата академска 2022/2023 година. „Ниту една од дигиталните алатки и […]

По УКИМ, и УКЛО ја намалува партиципацијата за студентите од еднородителски семејства

14 септември 2022

Студентите на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) чие родителско право го врши само еден родител од следната академска 2023/2024 година ќе плаќаат половина од износот на партиципација за прв циклус студии. Одлуката на Ректорскиот колегиум на битолскиот универзитет следува откако здружението Младите на „Една Може“ и студентскиот правобранител на УКЛО доставија барање до универзитетот […]

[АНКЕТА] 91 отсто од студентите бараат психолошки советувалишта на факултетите

7 мај 2022

Потребата повеќе да се зборува на темата за менталното здравје секојдневно се зголемува, а тоа може да се забележи и по дискусиите, проектите и програмите што се планираат и спроведуваат од страна на организации и здруженија. Менталното здравје и говорењето јавно и слободно за истото треба да е незанемарлив дел од животот на секој млад […]

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола добива Студентски парк

13 април 2022

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола ќе добие Студентски парк. Реализацијата на идејата на студентите започна денеска, информираа од Универзитетот. Од таму велат дека просторот пред Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) ќе се облагороди со нови рекреативни и креативни содржини. „Идејата од студентите на УКЛО која беше силно поддржана од Ректорската управа […]

Препораката за настава со физичко присуство ги „збуни“ студентите, повеќето факултети нема да го менуваат сегашниот модел

12 април 2022

Препораката на Владата наставата на факултетите да продолжи со физичко присуство ги затекна и универзитетите и студентите. Повеќето високообразовни установи кои изминативе две години применуваа комбиниран модел на настава ќе продолжат со истиот до крајот на тековната академска година, но дел од факултетите ја враќаат наставата во амфитеатрите и предавалните. На 34-тата владина седница што […]

УКИМ најдобро рангиран во земјава, но генерално тонеме на светската листа на универзитети

1 февруари 2022

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) останува најдобро рангирана високообразовна установа во земјава на светската листа на универзитети на Webometrics Ranking of World Universities (Вебометрикс). УКИМ во јануарското рангирање на универзитетите се наоѓа на 1.594-то место, односно за 100 позиции подолу во споредба со рангирањето од јули 2021 година. На втората позиција во земјава е […]

Субвенциониран оброк и покачени стипендии за студентите, незадоволен академски кадар на факултетите – високото образование во 2021

4 јануари 2022

Во годината што измина, и која повторно ја одбележа ковид-кризата, беа донесени неколку нови мерки за финансиска поддршка и помош на студентите. Исплатата на средствата наиде на неколку проблеми, исто како и дигитализацијата на процесот на аплицирање. Студентите во 2021 година добија покачени стипендии и субвенции за здрави оброци, а побараа неколку нови мерки и […]

Симона Наумовска е избрана за нова студентска лидерка на УКЛО

25 ноември 2021

Успешно заврши изборот на Претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УСС УКЛО) во Битола. Со тајно гласање, за претседателка на универзитетското собрание е избрана Симона Наумовска. Наумовска е редовна студентка на Ветеринарниот факултет. „Со изборот на Симона Наумовска за студентски лидер на УКЛО на тајно гласање од  […]

Прв академски час во новата академска 2021-2022 година

1 октомври 2021

Државните универзитети денеска го одржаа првиот академски час за новата генерација на студенти, со што се означи почетокот на новата академска 2021-2022 година. На новозапишаните студенти на првиот и најголем универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, далечински им се обрати ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој им посака добредојде и […]

Универзитетите сѐ уште не знаат колкава школарина ќе плаќаат студентите со самохрани родители

27 август 2021

Студентите со самохрани родители сè уште не знаат дали ќе треба да плаќаат целосна школарина во претстојната учебна година. Конкретен одговор за ова прашање нема ниту од државните универзитети. Ова се само дел од анонимните коментари и искуства на студентите од оваа категорија: „Кога започнав со факултет бев дете на самохран родител и плаќав целосна […]

Универзитетите задоволни од оваа aкадемска година, успехот на следната ќе зависи од имунизацијата на студентите и професорите

8 јули 2021

Првиот академски час на државните универзитети минатиот октомври започна во неизвесност, но академската 2020/2021 година на крај заврши успешно. За првпат во историјата на македонските универзитети поголем дел од академскиот кадар и студентите една цела академска година поминаа дома, одржувајќи ги предавањата и испитите преку средства за далечинско учење. Новите корона услови ја ставија на […]

Студенти на Високата медицинска школа во Битола со поддршка за нивниот професор да се врати на работа

27 април 2021

Студенти на Високата медицинска школа во Битола искажаа поддршка за универзитетскиот професор Томе Наумов, на кого во четвртокот му било соопштено дека повеќе не е вработен во високообразовната установа. Тие бараат нивниот професор да продолжи да им предава, бидејќи и тој самиот сѐ уште се чувствува способен да ја извршува работата. Професорот Наумов, кој е […]

На УКИМ и УКЛО се пријавуваат повреди на студентските права, другите универзитети немаат правобранители

14 февруари 2021

Недостапни професори, ненавремено закажување на испити, скратени рокови за сесии и бавни процеси на издавање документи од студентските служби – ова се проблемите што студентите ги пријавувале кај студентските правобранители на дел од државните универзитети во Македонија. Според Законот за високо образование, заради заштита на правата на студентите, на секој универзитет се избира студентски правобранител. […]

Страна 1 од 2