Симона Наумовска е избрана за нова студентска лидерка на УКЛО

Симона Наумовска УСС УКЛО
фото: УСС УКЛО

Успешно заврши изборот на Претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УСС УКЛО) во Битола. Со тајно гласање, за претседателка на универзитетското собрание е избрана Симона Наумовска.

Наумовска е редовна студентка на Ветеринарниот факултет.

„Со изборот на Симона Наумовска за студентски лидер на УКЛО на тајно гласање од  три утврдени кандидатки, на УКЛО уште еднаш се афирмира базичното начело на еднаквост, со што УКЛО  се вбројува меѓу универзитетите чија цел, меѓу другото, е постигнување на вистинска родова еднаквост“, стои во соопштението на УСС УКЛО.

Новоибраната лидерка истакна дека со членовите на раководството на Универзитетското студентско собрание и студентите на УКЛО ќе се реализира програмата за работа што треба да овозможи поддршка и помош за студентите, но и нивна поголема активност и учество во проекти.

Претходно, студентска лидерка на УКЛО во два наврата беше Дона Петрова од Правниот факултет.