среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: учебници | 95 резултати

Коалиција „Маргини“ поддржува учебници без дискриминација и знаења кои промовираат еднаквост и инклузивност

мај 14, 2021

Здруженија на граѓани и мрежи од граѓански организации, кои се дел од коалицијата „Маргини“ ги поздравуваат реформите предвидени во Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали и сметаат дека законот ќе донесе позитивни промени и напредок во образовните политики, особено од аспект на унапредување на пристапот до образование, еднаквоста и недискриминацијата во […]

Новиот закон предвидува да има и инклузивни учебници, достапни и за учениците со оштетен вид

април 17, 2021

Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој на предлог на МОН неделава беше усвоен од страна на Владата, предвидува секоја книга што ќе ја има во хартиена верзија, да има и аудио верзија, а МОН ќе може да ја печати и на Брајово писмо за децата со оштетен вид, рече министерката […]

МОН подготвува нов закон за учебници и наставни материјали

март 5, 2021

Министерство за образование и наука подготвува нов закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование со кој се уредува одобрувањето и употребата на учебниците, наставните и другите дидактички материјали во основното и средното образование. „Подобрувањето на квалитетот на учебниците согласно Стратегијата за образование 2018-2025 година е една од приоритетните […]

Фактоје: Реконструкцијата на училиштето во Пустец сè уште не е започната

февруари 25, 2021

За време на заедничката официјална посета на Пустец, општина населена од македонско малцинство во Албанија, министерката за образование Евис Куши вети дека ќе обезбеди услови за учење јазик и вклучување во бесплатната шема за учебници. Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев гарантираше донација од 30.000 евра од претприемачи на РСМ, за реконструкција на надворешниот дел на […]

Во тек е формирањето на комисија за спорните учебници по социологија

јуни 20, 2020

На 1 јуни истече рокот за пријавување за учество во комисијата која треба да ги ревидира спорните учебници, меѓу кои и оние по социологија за II, III и IV година гимназиско образование. Од Министерството за образование и наука велат дека во моментов се формираат комисиите за оние предмети за кои се пријавиле кандидати. „И покрај […]

Ревизијата на спорните учебници по социологија ќе го чека формирањето на Комисијата по 1 јуни

мај 26, 2020

На 1 јуни истекнува рокот за пријавување за учество во комисијата која треба да ги ревидира спорните учебници по социологија за II, III и IV година гимназиско образование. Ова е втор повик откако на првиот, бројот на пријавени кандидати не бил доволен, поради што Педагошката служба повторно објавила повик, велат од Министерството за образование и […]

Нема веќе ладно, туку само студено, штекерот е приклучок, а вревата – бучава: Под лупа сите учебници во основно и во средно

јануари 9, 2020

Министерството за образование и наука, заедно со Педагошката служба периодов ги ревидира сите учебници во основното и средното образование, вклучително и учебникот по социологија за кој имаше реакции во јавноста заради дел од содржината, информираат оттаму. – Планот за ревизија на учебниците опфаќа проверка на содржината на сите учебници кои се применуваат во основното и […]

Д-р Драги Ѓоргиев: Колку почесто се гледавме со бугарските колеги, толку повеќе растеа тензиите

декември 28, 2019

Д-р Драги Ѓоргиев е директор на Институтот за национална историја, но во моментов е во центарот на вниманието на македонската јавност, поради тоа што е еден од двајцата претседавачи, заедно со неговиот бугарски колега д-р Ангел Димитров, на Заедничката бугарско-македонска комисија за историските прашања и за учебниците. Во последниот период од Бугарија стасаа многу обвинувања, […]

Цветковиќ: Си протнале свои шовинистички и патријархални идеологии во учебникот по социологија

декември 16, 2019

Дел од учебник по социологија за втора година средно образование, вчера и денеска предизвика лавина реакции во јавноста. Станува збор за содржина која ја дискриминира жената, односно тврди дека ако жената е затворена дома, таа нема можност да прави кривични дела. „Причините за различното учество на жените во криминалитетот се објаснуваат со општествената положба на […]

Учебници нема доволно и полни се со грешки, учениците се закануваат со бојкот на наставата

октомври 25, 2019

Унијата на ученици на Северна Македонија (УУМ) спроведе анкета со ученици од неколку средни училишта во земјава, чии резултати укажуваат дека на секој ученик му недостигаат два до три учебници. И во тие книги кои ги имаат, средношколците тврдат дека постојат грешки во содржината, пишува „Порталб.мк“. Учениците го обвинуваат Министерството за образование и наука за […]

Плевнелиев: Бугарија без лажен патриотизам треба да ја поддржи Северна Македонија

октомври 2, 2019

Бугарија треба да ја прошири соработката со Македонија во сите сфери, треба да се зголемат инвестициите, а не да бидеме лажни патриоти и да ги закашкуваме работите во последен момент. Со такви зборови по острите предупредувања од бугарскиот претседател Румен Радев, како и од владата на Бугарија кон земјава, се обрати Росен Плевнелиев, претходниот шеф […]

Се бара печатница што ќе печати учебници по сите предмети од шесто одделение

септември 16, 2019

Дистрибуцијата на учебници од прво одделение, до четврта година средно образование е во тек, а рокот за доставување во целата држава, е 20 септември. Многумина ученици добиваат претходно користени учебници кои не се квалитетни и оштетени, поради што училишните раководства ќе бараат од надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), да им достават нови. […]

Во Софија бугарско-македонската комисија ќе расправа за Гоце Делчев

септември 13, 2019

Во Софија на најновиот состанок на заедничката македонско-бугарска експертска комисија, денеска ќе се расправа за ликот и делото на Гоце Делчев и чиј е овој македонски револуционер, кој се борел за автономна Македонија. На вчерашниот дел од дводневниот состанок, експертите во Софија работеле по претходно разменетите предлог идеи за усогласување на препораки за учебниците за […]

Десет генерации станале електротехничари, без учебник по електротехника  

август 22, 2019

Повеќе од 10 генерации ученици што учеле во тригодишно образование во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, станале електротехничари, без да учат од учебник по основниот и главен предмет, електротехника. За да можат да ја усвојат материјата и да бидат оценети, тие учеле, но сè уште учат од диктати на нивните професори или пак, од прирачници, […]

Сфетас: Договорено е дека Словените немаат никаква врска со античките Македонци

август 6, 2019

Постигнат е договор за неколку важни историски прашања меѓу Скопје и Атина, меѓу кои е ставот дека Македонците како Словени немаат никаква врска со античките Македонци, дека античката македонска историја и култура се дел од античката грчка култура што имала влијание врз светската култура. Тоа за грчкиот весник „Етнос” го кажува Спиридон Сфетас, член на […]

Борисов: Македонците треба уште да созреат за датум за преговори со ЕУ

јуни 21, 2019

Бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа во Брисел во изјави за новинарите порачал дека Македонците треба уште да созреат за да добијат датум за почеток на преговори за приклучување на ЕУ, јави бугарската новинска агенција „БГНЕС“. -Тие треба уште многу работи да поправат. Не ме разбирајте погрешно, но сè додека се спори дали е Гоце Делчев […]

Е-дневникот проработе, наставниците повикуваат на бојкот и го хејтаат на фејсбук

февруари 22, 2019

Електронскиот дневник (е-дневник) оваа недела е повторно во функција, откако претходно системот не работеше цела измината учебна година. Додека образовните власти одлучат дали наставниците ќе треба да внесат сè што не внеле од минатиот септември досега, наставниците негодуваат на социјалните мрежи. Некои од нив дури и повикуваат на бојкотирање на е-дневникот, бидејќи, како што велат, […]

Новото име во учебниците, сведителствата и во наставата ќе влегува во фази

февруари 18, 2019

Сите учебници што се користат во образовниот систем во сите нивоа на образование, како и целата педагошка евиденција што ја водат наставниците и професорите, вклучително и свидетелствата и сите официјални документи, ќе се менуваат во следните пет години. Согласно Договорот од Преспа, секаде каде што стои името „Република Македонија“ или „Македонија“ треба да се промени […]

Навредливите книги за Албанците не можат да се коригираат, ќе потикнеле „етнички тензии“

февруари 11, 2019

Сé уште не е познато кога ќе се коригира делот со навреди кон Албанците во книгите по историја и географија, за втора година средно образование. Со користењето на овие книги, „Порталб.мк“ напиша, дека се прекршува Законот за основно и средно образование. Но, според министерот за образование и наука, Арбер Адеми сега не е време да […]

Се менува Законот за учебници – авторските права ќе им се вратат на издавачките куќи

декември 25, 2018

Авторските права за учебниците, нема повеќе да му припаѓаат на Министерството за образование и наука (МОН), туку тие ќе се вратат на издавачките куќи, како што беше во минатото. Тоа ќе придонесе да се избегнат многу сложени процедури кои досега одеа преку Министерството во процесот на подготовка и испорака на учебници, сметаат во Педагошката служба […]

Страна 3 од 5