fbpx
Таг: учебници

таг: учебници

Иванов: Договорот има за цел од нас да направи фуснота во нечија туѓа верзија на историјата

Со Договорот од Преспа политичари, дипломати и бирократи ќе ги цензурираат учебниците што ги пишувате или од кои вие предавате, рече претседателот Ѓорге Иванов обраќајќи се пред професори и историчари на свеченото отворање на Првата национална конференција за византологија и медиевистика „Самуиловата држава – 1.000 години потоа (1018-2018)“. -Во член 8, точка 5 е предвидено формирање на ‘Заеднички интердисциплинарен комитет...

Димитров: Не е разговарано за бришење на „Македонија“ во бугарските учебници

На втората седница на заедничката комисија на Бугарија и Македонија за образовни и историски прашања не се разговарало за отстранување на името „Македонија“ од учебниците во Бугарија, порача претседателот на Комисијата, Ангел Димитров, демантирајќи ја информацијата од една политичка партија, која се повика на македонски медиум, како „неточна интерпретација“. На седницата се разговарало за учебниците во двете земји и за...

Анализа и инфографик: Не ги заслуживме бесплатните учебници

Државата речиси 10 години наназад обезбедува бесплатни учебници за сите основци и средношколци во Македонија. Искуството и праксата низ годините покажаа дека децата и родителите не се грижат добро за нив, но одговорност за таквата ситуација сносат и одговорните во институциите, кои не наоѓаат начини тие да бидат поквалитетно изработени и печатени. Пред 10 години, државата им ги подели првите...

МОН: Дистрибуирани учебниците за основно, средношколците ќе ги добијат до 15 октомври

Учебниците за основно образование кои се откупени од издавачките куќи, ги испорачуваат до училиштата, а дистрибуцијата заврши минатата недела, информираат во Педагошката служба при Министерството за образование и наука. - Испораката на учебници за средно образование пак, очекуваме да заврши до средината октомври. Во процесот на испорака на учебници, им укажуваме на училиштата да внмаваат на роковите за пополнување на...

Ако имате раскасапен учебник, купете си нов во книжарница

Родителите на децата кои добиле искинати, мрсни и оштетени учебници, можат доброволно да си купат нови по книжарниците бидејќи нив ги има и во слободна продажба. Во Министерството за образование и наука информираат дека учебниците се јавно достапни. „Согласно член 6 став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование, издавачот во чија сопственост се одобрените учебници има...

Коригирани сите математики од прво до деветто одделение

Сите учебници по математика од прво до деветто одделение имале грешки и биле коригирани. Новите изданија се распределуваат периодов по училиштата, заедно со другите учебници кои доцнеа и не беа пред учениците на почетокот на учебната година. „Нови учебници се доставуваат по математика, по природни науки од прво до шесто одделение, по биологија од седмо до деветто одделение, по хемија...

За в година се подготвуваат нови програми и нови учебници по информатика

Седмоодделенците во Македонија, на часовите по информатика користат учебник издаден во 2009 година. Учебникот е комплетно нефункционален затоа што содржината не кореспондира со она што го налагаат современите текови во таа област. По пишувањето на „Мета“ дека и средношколците учат програмирање со учебник од 2010 година, во Министерството за образование и наука со одговор дека се подготвува нова програма и...

Средношколците учат програмирање од учебник од 2010 година

Во средните стручни училишта проблемот со недостиг, но и со неквалитетно напишани учебници е најизразен. Стручното образование секоја година запишува далеку помал број ученици споредено со гимназиите, а малиот тираж, како што велат од министерството, не е доволна мотивација за професорите да напишат учебници. Во средните стручни училишта се учи од стари учебници. Проблем е учебникот по предметот Програмирање кој...

Атанасов: Учебниците доцнат, но не се потпирајте само на нив

И оваа учебна година започна без учебници во основното и во средното образсование. Добар дел од оние од лани и од изминатите години се стари, искинати, мрсни, ишарани и оштетени, па родители по социјалните мрежи реагираа дека сами ќе купат нови комплети бидејќи е невозможно да се учи од партали. По неуспешниот обид за ова да поразговаравме со првиот човек...

Ако родителите сами ги купуваа учебниците, ќе пазеа што пишуваат децата врз нив

Нови учебници кои во настава се користат само една година, на крајот се веќе цели парталави. Библиотекарите со кои разговаравме, сметаат дека свеста кај родителите и децата за грижата за бесплатните книги е многу ниска, иако за лошата состојба удел има и фактот дека добар дел од нив, не се изработени квалитетно. Тие се одговорни за прием, чување и распределба...

Ништо ново: Полураспаднати и ишарани учебници на почетокот на годината (галерија)

Некои се искинати, други се повлечени и не се вратени, трети не се испечатени, за четврти доцнат нарачките. И годинава, истата слика со учебниците, како и на секој почеток на нова учебна година. Хаосот се создава по први септември, кога наставата започнува без овие помагала. Додека се чекаат нови комплети, на часовите се користат стари учебници, од кои добар дел...

Почнува новата учебна година со околу 270.000 ученици

Денеска почнува новата учебна година со околу 270.000 ученици. Според најавите од Министерството за образование и наука (МОН), учебната 2018/2019 година се очекува да започне со ревидираните наставни планови за прво, второ и трето одделение. Оваа година ќе бидат доставени 22 корегирани учебници, а новина е и што учебниците што бесплатно им се даваат на учениците ќе бидат достапни и во слободнна продажба, по...

Во новата учебна година со корегирани 22 учебници

За учебната 2018/2019 Министерството за образование и наука низ училиштата ќе достави 22 корегирани учебници, а од оваа учебна година сите учебници што бесплатно им се даваат на учениците ќе бидат достапни и во слободнна продажба, по истата цена по која ги откупува министерството, рече на прес-конференција министерот Арбер Адеми. Станува збор за учебниците по математика од прво до деветто...

Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат (2 дел)

Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. „Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за коо никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави. Автор: Фатбарда Цури 1-от дел од сторијата. Лошиот...

МОН: ВМРО-ДПМНЕ предизвикува вештачки кризи во образованието

ВМРО-ДПМНЕ манипулира со бројки на учебници кои недостигаат, а дали за тој број на учебници им се оштетени нивните бизнис-интереси, само тие си знаат, велат од Министерството за образование и наука (МОН) на изјавата од ВМРО-ДПМНЕ во врска со недостигот од учебници во основните училишта. „Потсетуваме дека во согласност со законските норми, учебниците се чуваат и се користат неколку години, пренесувајќи...

Гаврилов: СДС ги остави учениците без учебници

СДС полека почнува да ги укинува и бесплатните учебници и образованието го враќа во времето кога тие беа на власт, кога родителите трчаа по книжарници за да купат комплет учебници за нивните деца, изјави денеска пред Министерството за образование и наука Коче Гаврилов од ВМРО-ДПМНЕ. - По укинувањето на екстерното оценување и укинувањето на Kембриџ-системот, СДС продолжува со деструкцијата во...

Димитров и Коѕиас не се договарале за заедничка комисија за учебници

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, на состанокот во Њујорк не разговарале за формирање заедничка комисија туку за средба на експерти од областа на историјата, велат од МНР за „Мета“. „Она за што е разговарано на состанокот во Њујорк помеѓу Димитров и Коѕиас е во насока на иницијативата на Република Македонија од 2007 година...

Коѕиас: Заедничка комисија ќе ги отстранува иредентистичките поими во учебниците

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас во интервју за грчката национална телевизија „ЕРТ“ изјавил дека, со министерот за надворешни работи, Никола Димитров се договориле да формираат заедничка комисија од експерти кои ќе ги отстранат иредентистичките поими во учебниците и географските карти. Коѕаси изразил надеж дека до крајот на ноември ќе има првични резултати од работата на оваа комисија...

Дескоска: И „Кембриџ“ предупредувал дека се брза со програмата за средно образование

Веднаш по одлуката за одложувањето на Кембриџ-програмата во средното образование, од „Кембриџ интернешнл“ бев информирана дека и тие со свои дописи уште во 2016 година изразиле загриженост за брзањето при воведување на оваа програма во средните училишта и со начинот на избор на учебниците, информираше министерката за образование и наука, Рената Дескоска. Образложувајќи го постигнатото во изминатите 100 дена, таа ги...

СДСМ: Учебната година почнува без притисок од екстерното тестирање

Учениците во основно и во средно образование првпат по неколку години ќе ја почнат учебната година ослободени од стресот што го создаваше непотребното екстерно тестирање, со што тие ќе станат попосветени и помотивирани во наставниот процес, се вели во утринското соопштение на владејачкиот СДСМ. Во него се додава дека се преиспитуваат образовните програми што се донесени присилно и без расправа,...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...