fbpx

Учебниците по математика за основно образование, проблем за наставниците и учениците

-

Учебници кои не даваат објаснување, со плитки и површни содржини се користат во наставата по матаматика во основното образование. Поради тоа, наставниците и учениците се соочуваат со проблеми при наставата, со што математиката станува непознаница, а на меѓународните тестирања, учениците добиваат слаби оценки.

Ова беше заедничката констатација на наставниците од денешната средба во Штип, на која беа претставени новите збирки по математика.

Група на наставници и професори по математика ги изработиле овие збирки, со цел олеснување при учењето математика. Овие збирки се од прво до деветто оделение, а при изработката, авторите се воделе според практичната потреба на учениците.

-Во учебникот за четврто одделение ставивме да се изучуваат равенки, што според наставната програма се дури во осмо одделение. Сметаме дека е предоцна во осмо да се изучуваат равенки- изјави провесорот Трајче Ѓеоргиевски, кој е дел од авторскиот тим.

Околу 600 наставници и професори денеска во Штип имаа прилика да ги погледнат новите збирки по математика. Според нив, актуелните учебници се со стеснети содржини, кои не нудат доволно објаснување, а понекогаш создаваат и забуна.

На ПИСА тестирањето, што го спроведува Меѓународната организација за соработка и развој – ОЕЦД, македонските 15-годишници на тестот по математичка писменост беа на дното на табелата, во групата на четири последни земји.

Оваа година ПИСА тестирањето беше спроведено во текот на април, во 60 земји од светот, меѓу кои и Македонија. Резултатите ќе бидат познати на крајот на 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...