fbpx
Таг: тероризам

таг: тероризам

Пет лица уапсени за нападот во Њујорк

Пет лица биле уапсени за можна поврзаност со експлозијата на рачно изработена бомба, која во саботата вечерта експлодира на Менхетен, јавуваат американските медиуми. Федералните истражни органи откриле дека бомбата содржела тартин, експлозив кој често се користи за вежбање и може да се купи во продавници за спортска опрема. Властите велат дека нема докази оти зад нападот стои некоја меѓународна терористичка група. Во...

Бомбата во Њујорк била терористички акт

Бомбата што вчера експлодира во Њујорк, при што беа повредени 29 лица, е терористички акт, но не се откриени врски со меѓународни групации. Ова го соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, јави  „Би-би-си“. – Кој и да ги поставил овие бомби, ќе го најдеме и ќе го изведеме пред лицето на правдата - увери гувернерот. Втор експлозивен уред кој потсетувал на оној во...

29 лица се повредени во експлозија во Њујорк

Најмалку 29 лица се повредени при експлозија која синоќа се случи во квартот Челси на Менхетен, а на друга локација, во истиот дел на Њујорк е пронајдено нешто што личи на експрес-лонец, кој со жици е поврзан со мал темен уред, јавува „Си-ен-ен“. Полицијата ги проверува видеозаписите од местото на првата експлозија, на кои изгледа е прикажано лице кое остава...

Повратниците од војните – безбедносна закана за регионот

Повратниците од војните, насилниот екстремизам, тероризмот, исламскиот фундаментализам и странските борци се клучните предизвици со кои се соочува цела Европа и претставуваат безбедносна закана за регионот. Ова е општиот став на експертите кои денеска расправаат на конференцијата „Менаџирање и преговори во кризни ситуации“, што се одржува во Охрид. За да се совладаат предизвиците, полициските сили од регионот заеднички соработуваат и ќе се...

Австралија бара поголема соработка со земјите од Југоисточна Азија против заканите од ИД

Австралија ќе им понуди поголема помош на земјите од Југоисточна Азија за спречување на можни терористички напади во тој регион, јавуваат светските медиуми. Безбедносните прашања ќе бидат тема на дискусија меѓу австралискиот премиер Малком Трнбул и другите лидери на Азискиот самит, кој се одржува во Лаос. Трнбул веќе навести дека неговата намера е да ја прошири соработката на Австралија со...

Попоски на неформален министерски состанок во Братислава

Никола Попоски, заменик-претседател на владата и министер за надворешни работи, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и наземјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH), кој се одржа на 2 и на 3 септември 2016 година во Братислава. Од Министерството за надворешни работи информираат дека на состанокот се дискутирало за борбата против тероризмот и...

Иванов – Ердоган: Борбата против тероризмот и мигрантската криза во фокусот на средбата

Претседателот Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Турција, денеска во Истанбул се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели биле билатералните односи и соработката, со акцент на прашања од сферата на безбедноста, мигрантската криза и на економските односи. На средбата претседателот Иванов изразил сочувство и жалење за серијата терористички напади во земјата,...

Ница забрани носење на буркини

Ница се приклучи кон другите француски летувалишта и забрани носење на буркини, муслимански костим за капење, кој целосно го покрива женското тело. Како што се наведува во соопштението испратено од градските власти, „градот забранува буркини, бидејќи отворено се манифестира припадност кон одредена религија во време кога Франција е на мета на терористички напади,“ јавуваат светските агенции. До сега, 15 градови во Франција...

Франција се помалку ја посетуваат странски туристи

Бројот на странски туристи во Франција значително се намалил во вториот квартал од годината, покажуваат најновите податоци кои ги објави француската влада. Како причина за тоа се наведуваат протестите, штрајковите и лошите временски услови. Бројот на ноќевања на странски туристи во периодот од април до јуни се намалил за 8,5 проценти во однос на истиот период лани. Забележан е пад од 2,9...

Ердоган го обвини Западот дека ги поддржува тероризмот и пучистите

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска го обвини Западот дека ги поддржува тероризмот и пучистите, што е негов најостар напад од обидот за воен удар во земјата. - За жал, Западот го поддржува тероризмот и се става на страната на пучистите. Тие што ги сметаме за пријатели, држат страна на терористите - рече Ердоган во говорот на Економскиот форум во Анкара, реагирајќи...

Иванов од Пелинце повика на национално помирување

Претседателот Ѓорге Иванов денеска од Меморијалниот комплекс во Пелинце им го честита Илинден и првото заседание на АСНОМ на македонските граѓани и порача дека историјата покажала дека секогаш кога сме поделени, ние сме и поробени, а секогаш кога сме сплотени, сме слободни. - Но, ние веќе бевме помудри за два Илиндена, и за две изгубени можности. И немаше да...

Едно лице притворено по убиството на свештеник во Франција

Едно лице е притворено во рамките на истрагата што се води по заложничката драма во црквата во Сент Етјен ду Рувре во Франција. Полицијата не го открива идентитетот на приведениот. Краткотрајната заложничка криза почна утринава, кога двајцата напаѓачи упаднаа во црквата во местото Сент Етјен ду Рувре. Напаѓачите се ликвидирани при акцијата на француските безбедносни сили за нивно неутрализирање. При акцијата напаѓачите го убиле 84-годишниот свештеник...

Германија: 59 бегалци осомничени за поврзаност со терористички групи

Педесет и двете бегалци во Германија се осомничени за можна поврзаност со терористички организации, соопшти денеска германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер. Германскиот министер посочи дека би било грешка под надзор да се стават сите бегалци, но оти „се разгледуваат индивидуални случаи“. Тој додаде дена повеќето од почнатите истраги на крајот покажуваат дека сомнежите биле неосновани.

Најмалку 12 загинати во бомбашки напад во Багдад

Бомбаш самоубиец утринава се разнесе на безбедносен пункт во северниот дел од Багдад, при што погинаа најмалку 12 лица. Меѓу загинатите има најмалку осум цивили, додека другите жртви се полицајци, а во нападот, исто така, се повредени 32 лица. Напаѓачот, кој до местото на експлозијата дошол пеш, го детонирал експлозивот на една од најфреквентните влезни точки во багдадската населба Кадимија, во...

„Газета експрес“: Тројца Косовци убиени во Минхен

Тројца Косовци, еден млад маж и две девојки, се меѓу жртвите од вчерашниот напад во Минхен при кој животот го загубија девет лица, а 16 се ранети. Според порталот „Газета експрес“, во Минхен настрадале 21-годишниот Дијамант Заберѓа, чија смрт ја потврдил неговиот татко на „Фејсбук“. Претходно, во текот на ноќта се дозна за уште две косовски жртви во минхенскиот трговски центар: Сабина Суљај,...

Германската полиција го претресе домот на напаѓачот од Минхен

Претрес во станот на 18-годишниот напаѓач во трговскиот центар во Минхен, утрово изврши германската полиција. Напаѓачот живел заедно со своите родители во реонот Максфорштад. Во вчерашниот напад девет лица загинаа, а 16 се повредени. Шефот на полицијата во Минхен, Хубертус Андре, истакна дека е пронајдено и телото на напаѓачот, кој извршил самоубиство. Напаѓачот е идентификуван како Германец со иранско потекло, кој немал...

Денеска продолжува судењето за „Диво Насеље“, се сослушуваат заштитени сведоци

Денеска во големата сала на Врховниот суд продолжува главната расправа од судскиот процес за настаните во Диво Насеље, Кумановско, од 9 и од 10 мај минатата година. Денешното рочиште, како и неколуте претходни, е затворено за јавноста, односно на новинарите не им е дозволено присуство, бидејќи се сослушуваат заштитени сведоци, предложени од Обвинителството. Следното рочиште, кое исто така ќе биде...

Пет лица од Косово осудени за тероризам

Косовскиот суд им одреди затворска казна на пет лица поради тероризам. Казните се движат од четири до 13 години затвор, а досудени се поради учество во Исламска држава. „Нивната цел била да положат заклетва на терористичката организација Исламска држава и да објават на интернет за да се покаже присуство на Исламската држава на Косово“, се наведува во пресудата на судот. На...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изразија сочувство за нападот во Ница

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска изразија сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд, премиерот Мануел Валс и до граѓаните на Република Франција за вчерашниот напад во Ница, во која животот го загубија повеќе од 80, а повредени се неколку десетици лица. Во одделни соопштенија двете партии го осудија грозоморниот терористички напад и порачаа дека е неопходно уште поцврсто и уште поорганизирано обединување и дејствување против насилството,...

Франција ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција на неопределено време

Француската амбасада во престолнината на Турција ќе биде затворена на неопределено време, соопшти амбасадата. „Амбасадата на Франција во Анкара, како и конзулатот, ќе бидат затворени од среда, 13 јули , сè додека не се добие дополнителна информација“, стои во соопштението. Претходно француските дипломати во Турција ја откажаа прославата на националниот празник 14 јули. „Информациите што ги поседуваме покажуваат дека постои сериозна закана и...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...