fbpx
Таг: терористички напад

таг: терористички напад

Тројца Руси уапсени за вчерашниот терористички напад во Истанбул

Турската полиција уапсила тројца руски државјани поради сомневање дека се вмешани во терористичкиот напад што вчера се случи во Истанбул. Како што пренесе турската агенција „Доган“, Русите се уапсени во медитеранскиот град Анталија, а притоа биле запленети и „одредени документи“. Рускиот конзулат во Анталија потврди дека тројца руски државјани се задржани во притвор поради сомневање дека се во врска со Исламска држава. Во...

Уапсени двајца осомничени за заложничката драма во хотелот во Мали

Специјалните сили на Мали уапсиле две лица осомничени за поврзаност со заложничката драма во хотелот „Радисон блу“ во главниот град на земјата, Бамако, во која беа убиени повеќе од 20 лица, јавуваат светските медиуми. Засега не е познат идентитетот, ниту улогата што двајцата осомничени ја имале при нападот во хотелот, кој се случи во петокот минатата недела. Одговорноста за нападот, во кој...

МВР: Четири лица со име Ахмад Алмохамед поминале низ Македонија!

Македонската полиција регистрирала четворица мигранти со сириско потекло кои транзитирале низ земјава под името Ахмад Алмохамед, за кое се претпоставува дека е идентитетот на еден од извршителите на терористичките напади во Париз, во петокот минатата недела, информираат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека во сите четири случаи, лицата имале различни генералии и дека поседувале грчки...

Пасошот на бомбашот од Париз ја стави на мака и македонската полиција

Идентификацијата на еден од париските бомбаши станува сè покомплицирана за полициските истражители откако во саботата српската полиција, во прифатниот центар за бегалци во Прешево, уапсила мигрант со идентичен пасош, на име Ахмед Алмухамед, како оној пронајден крај еден од терористите кај стадионот „Стад де Франс“. Според српските власти, името и другите генералии во пасошот биле исти, освен фотографијата. Дека голем дел...

Поради безбедносни причини, откажан фудбалскиот натпревар меѓу Германија и Холандија

Поради безбедносни причини е откажан пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Германија и на Холандија што вечерва требаше да се одигра на стадионот во Хановер, Германија. - Имавме конкретни докази дека некој сакал да постави експлозиви на стадионот - изјавил шефот на полицијата во Хановер. Два часа пред почетокот на натпреварот, стадионот бил евакуиран. Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ќе биде меѓу гледачите во...

Бан Ки-мун: Светот мора да се обедини за да ги победи терористичките групи

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, денеска изјави дека светот мора да се обедини за да ги победи терористичките групи, но и предупреди дека по терористичкиот напад во Париз, не смее да дојде до одмазда и до понатамошна дискриминација на муслиманите, а особено на бегалците и на мигрантите. Тој, на обраќањето пред Советот за безбедност на ОН, посочи дека светот мора одлучно...

Во Брисел пронајдени хемикалии за правење бомби

Белгиската полиција пронашла куршуми и хемикалии за правење бомби во куќите на двајца мажи уапсени поради поврзаност со терористичките напади во Париз. Од канцеларијата на обвинителот одбиваат да ги коментираат овие тврдења. Адвокатите на одбраната велат дека нивните клиенти се невини и дека биле обвинети дека патувале во Париз во саботата наутро за да се сретнат со Салах Абдеслам, кој е...

Оланд: Франција е во војна, ќе ја уништиме ИД

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, изјави дека земјата е во војна и дека Европа мора итно да реагира за да не дојде до нејзина деконструкција. Оланд говореше пред двата дома на францускиот парламент во Версај, што се случува многу ретко, а своето обраќање го почна со една минута молк, во чест на жртвите на терористичкиот напад во Париз. - Ова не е...

МВР го зајакна нивото на безбедност во Македонија

По направените процени, Министерството за внатрешни работи ја зголеми безбедносната состојба во земјава. „Во врска со вчерашните терористички напади во Париз, Република Франција, а во насока на согледување на состојбите и подигнување на нивото на безбедност и на мобилност на полицијата, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржа колегиум со највисокото раководство во МВР. Притоа, на колегиумот, иако беше констатирано...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди монструозниот терористички напад во Париз

ВМРО-ДПМНЕ го осудува монструозниот терористички напад што вчера се случи во Франција, во кој жртви беа стотици невини луѓе. „Ова претставува удар не само за Франција и за францускиот народ, туку и удар кон демократските вредности и слободата. Нашите мисли се со францускиот народ затоа што Македонија најдобро ја разбира ваквата болка. Македонија сочувствува со жртвите од терористичкиот напад во Париз затоа...

Голем пожар во бегалски камп во Париз

Само неколку часа по крвавите терористички напади во Париз, голем пожар изби синоќа во бегалскиот камп во близината на пристаништето Кале. Повеќе пожарникари се бореле со огнената стихија, а сите присутни во кампот биле евакуирани. Сè уште не се открива дали има жртви во пожарот, а заменикот на градоначалникот на Париз, Филип Мињоне, ја отфрла информацијата дека пожарот избил како одмазда...

Обама: Ќе работиме заедно со Франција за одговорните да бидат откриени

Нападите во Париз се атак на целото човештво, изјави американскиот претседател, Барак Обама, и вети дека ќе работи заедно со Франција за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. - Кога и да се случат вакви настани, секогаш можеме да сметаме дека францускиот народ ќе биде со нас. Тие се исклучителен партнер во борбата против тероризмот. Ние ќе бидеме тука...

Сите граници на Франција се затворени, нема ниту летови

Сите граници на Франција се затворени и сè уште е на сила вонредната состојба. Исто така затворен е и аеродромот „Орли“, а откажани се сите летови. Официјалните власти досега потврдија шест терористички напади во Париз. Само три се случиле на стадионот каде се одржуваше фудбалскиот натпревар Франција-Германија, а другите на различни локации во градот, при што терористите пукале со автоматско оружје. Потврдена...

Трагичен биланс во Париз: Повеќе од 160 убиени и 200 ранети

По синоќнешните напади во Париз, чиј трагичен биланс е повеќе од 160 убиени луѓе и повеќе од 200 ранети, на улиците се ангажирани 30.000 полицајци, а француската влада заседава непрекинато. Според досегашната истрага, се смета дека терористите се обучувани на домашен терен, во Франција. Аналитичарите оценуваат дека нападот во Париз, според бројот на локации и неопходната логистика за да биде изведен, бил покоординиран дури...

Масакр во Париз: 160 загинати во серија терористички напади

Најмалку 120 лица се убиени во париската концертна сала „Батакло“, додека други 40 загинаа во серијата бомбашки напади и пукања во главниот град на Франција. Француските медиуми јавуваат дека 120 загинати е билансот по полициската акција во салата „Батакло“, каде група вооружени лица држеа стотина заложници. Безбедносните сили упаднале во „Батакло“ за да ги ослободат луѓето што беа заложници, наводно, на џихадисти. Тројца напаѓачи се...

Убиени двајца терористи во концертната сала „Батакло“

Полицијата упадна во париската концертна сала „Батакло“, каде десетици лица се заложници на засега непознат број терористи, јавуваат француските медиуми. Според последните извештаи, двајца терористи се убиени откако киднаперите одбиле да преговараат со полицијата. Засега не се знае точниот број заложници во концертната сала. Медиумите јавуваат различни бројки, од 60 до 100 лица. ces pompiers se préparent à secourir des bléssés graves...

Медведев: Терористички напад е можна причина за падот на авионот

Рускиот премиер Димитри Медведев изјави дека не се отфрла можноста дека терористички напад е причината за падот на рускиот авион во Египет, при што 224 лица го загубија својот живот. - Можноста дека тоа беше терористички чин, очигледно останува евентуално објаснување за она што се случи – рече Медведев. Како што наведе рускиот премиер, тоа е и причината да се донесе...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...