fbpx

МВР го зајакна нивото на безбедност во Македонија

-

По направените процени, Министерството за внатрешни работи ја зголеми безбедносната состојба во земјава.

„Во врска со вчерашните терористички напади во Париз, Република Франција, а во насока на согледување на состојбите и подигнување на нивото на безбедност и на мобилност на полицијата, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржа колегиум со највисокото раководство во МВР. Притоа, на колегиумот, иако беше констатирано дека во моментов не постои конкретна закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија, беа донесени повеќе заклучоци, кои ќе бидат веднаш реализирани.

Меѓу другото, ќе биде зајакната безбедноста во и околу објектите кои се во функција на полицијата; ќе бидат зајакнати мерките и активности при обезбедување јавни собири и спортски манифестации на кои има присуство на поголем број граѓани; како и зајакнување на контролата над мигрантите кои остваруваат влез во Република Македонија, а особено во привремениот транзитен центар во Гевгелија, како и на северната и на јужната граница, опфатени со одлуката за прогласена кризна состојба“, стои во соопштението од МВР.

Во прилог на ваквата состојба е тврдењето на претседателот Ѓорге Иванов, по денешната обиколка на јужната гранична линија, дека вечерва ќе го свика Советот за безбедност поради продлабочување на бегалската криза.

– Армијата веќе аларамира дека има сè повеќе лица кои излегуваат од котата 59 и илегално преминуваат на премини што не се обележани. Тоа ќе подразбира преземање посебни мерки од АРМ за да се насочуваат тие лица што избегнуваат да бидат регистрирани. Штом избегнуваат да бидат регистрирани, тоа дава основано сомневање дека станува збор за лица кои, секако, немаат добри намери – изјави претседателот Иванов.

Ситуацијата дополнително е отежната и поради трерористичките напади во Париз, чиј трагичен биланс е повеќе од 160 убиени луѓе и повеќе од 200 ранети.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...