fbpx
Таг: терористички напад

таг: терористички напад

Во терористичкиот напад во Лондон има четворица загинати и 20 повредени

Четири лица загинаа, а 20 се повредени во Лондон, при истрелите од огнено оружје пред британскиот парламент во Вестминстер, кои се случија денеска попладне. Британската полиција овој напад го оквалификува како терористички. Според пишувањата на британските медиуми, напаѓачот најпрво со автомобил се втурнал во група пешаци на мостот што води до парламентот, а потоа со нож прободел полицаец пред Вестминстер. Напаѓачот потоа...

Терористички напад кај сирискиот град Ал Баб, 29 загинати

Најмалку 29 луѓе загинаа во самоубиствен напад со автомобил бомба во близина на северниот сириски град Ал Баб. Нападот доаѓа еден ден откако бунтовниците поддржани од Турција соопштија дека имаат целосна контрола врз градот. Светските агенции јавуваат дека во нападот, за кој сè уште никој не ја презел одговорноста, има многу повредени.

Напаѓачот кај „Лувр“ бил Египќанец, во Франција дошол на крајот на јануари

Мажот вооружен со мачета што претпладнево нападна и полесно рани војник во центарот на Париз, во близина на музејот „Лувр“, извикувајќи „Алах е голем“ (Алаху акбар), бил државјанин на Египет, а во Франција стасал на крајот на јануари, јавија светските агенции. - Според првобитните наоди од истрагата, тој е египетски државјанин - вели извор во истрагата. Напаѓачот тешко е повреден, но...

Шест лица убиени и осуммина ранети во терористички напад на џамија во Квебек

Шест лица се убиени, а осуммина се ранети во вооружен напад на џамија за време на вечерна молитва, што синоќа се случил во канадскиот град Квебек Сити, сооошти канадската полиција, пренесува „Би-би-си“. Во нападот учестувале две лица, кои отвориле оган во исламскиот културен центар во Квебек, додека во него имало околу 50 верници кои биле на молитва. Еден од напаѓачите, како...

Австрија: Уапсено едно лице осомничено за планирање на терористички напад во Виена

Австриската полиција вчера уапсила едно лице, осомничено дека подготвувало терористички напад во главниот град на земјата, Виена, соопшти полицијата, јавуваат светските медиуми. Министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка, изјави дека станува збор за 18-годишен мигрант, кој имал австриско државјанство. Тој додал дека има индиции дека осомничениот планирал да го изврши нападот од радикално-исламистички мотиви. Осомничениот бил уапсен, откако специјалните полициски...

Турција ги блокираше граничните премини со Бугарија

Турција ги блокираше граничните премини со Бугарија поради стравување дека напаѓачот што изврши терористички напад во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, би можел да избега преку Бугарија во Европа. Турција на граничните премини распореди специјални сили за борба против тероризмот. Сите автомобили и патници се проверуваат, јавуваат бугарските медиуми. Идентитетот на напаѓачот на ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул е утврден, изјави денеска...

39 лица загинаа, а ранети се 69 при терористички напад во ноќен клуб во Истанбул

Во вооружен напад во популарен ноќен клуб во Истанбул за време на дочекот на Нова година, убиени се 39 лица, меѓу кои имало и 16 странци, јавуваат медиумите. Како што јави „Си-ен-ен Турк“, напаѓачот бил облечен како Дедо Мраз и во клубот „Реина“ го извршил нападот, при што ранил 69 лица. https://twitter.com/HaberturkTV/status/815385746424987649 Според локалните власти, се работи за терористички напад. https://twitter.com/JBN/status/815340268178313217 Во моментот на...

Најмалку 28 лица загинаа, а 50 се повредени при експлозија на две бомби во Багдад

Две бомби експлодираа на пазар во центарот на Багдад, при што загинаа најмалку 28 лица, а повредени се повеќе од 54 лица, соопшти ирачката полиција. Според последните информации од локалните власти, двете експлозии биле предизвикани од бомбаши самоубијци. Претходно денеска избувнаа уште две експлозии во Багдад, во кои загинаа седум лица.

Германската амбасада отвори книга за сочувство за нападот во Берлин

Амбасадара на Германија отвори книга за сочувство поради терористичкиот напад што се случи на 19 декември во Берлин, соопштија од амбасадата. Јавноста ќе има можност да го изрази своето сочувство во просториите на германската амбасада од 21 до 22 декември 2016 година од 9 до 16 часот, а на 23 декември 2016 година од 9 до 12 часот. Пред два дена на...

Возачот на камионот во Берлин стигнал преку балканската рута како бегалец

Германскиот весник „Велт“ ги објави името и податоците на осомничениот возач на камионот кој влета во штандовите на божиќниот базар во Берлин и усмрти 12 лица. Се работи за Пакистанецот Невед Б., роден на 1 јануари 1993 година, кој во Германија пристигнал како бегалец преку балканската рута. Полицијата во текот на ноќта сослушувала едно осомничено лице, а според германските медиуми, сè...

Русија: Убиството на амбасадорот е терористички напад

Убиството на рускиот амбасадор во Турција, Русија го окарактеризира како терористички напад. Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Марија Захарова, објави дека темата за нападот врз рускиот дипломат ќе биде поставена пред официјални лица во Советот за безбедност на Обединетите нации. Свое обраќање се очекува да има и рускиот претседател Владимир Путин. Турското министерство за внатрешни работи го зајакна обезбедувањето на руската...

Четири лица уапсени во Русија поради планирање терористички напади

Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека уапсила четири лица, осомничени за планирање терористички напади во Москва, јавуваат светските агенции. Уапсените, како што било наведено во соопштението, се државјани на Молдавија и на Таџикистан. Тие планирале со импровизирани експлозивни направи да изведат серија напади, со кои, според ФСБ, требало да управува еден од водачите на Исламска држава, чија...

Авганистанци подготвувале терористички напад во Бугарија

Добиен е сигнал по дипломатски пат за подготовка на терористички напад во Бугарија, соопшти денеска бугарската министерка за внатрешни работи во оставка, Румјана Бочварова. - Има сигнал за терористички акт во Бугарија. Имаме информација, добиена по дипломатска линија, за три или четири лица, кои се идентификувани и чии документи се проверени и кои најверојатно нема да останат на наша територија....

Во Франција уапсен малолетник кој се подготвувал да изврши терористички напад

Француската полиција денеска соопшти дека во Франција е уапсен малолетник на возраст од 15 години затоа што се подготвувал да изврши терористичка напад. Уапсениот е осомничен затоа што преку интернет бил во контакт со Рашид Касим, член на Исламска држава и осомничен за неколку терористички напади кои се случиле во Франција во последните неколку месеци. Изминатите неколку денови, француската полиција уапси...

15-годишнина од терористичките напади на кулите близначки во Њујорк

Денеска се одбележува 15-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон, кои се случија на 11 септември 2001 година, а во кои животот го загубија речиси 3.000 лица. Во Соединетите Американски Држави (САД) годишнината од нападите традиционално се одбележува во Националниот мерморијалн центар, кој се наоѓа на местото на некогашниот Светски трговски центар, каде беа урнати двете „кули близначки“. Оддавањето почит...

Путин испрати телеграма со сочувство до Ердоган по повод терористичкиот напад

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод терористичкиот напад во градот Газиантеп, каде што загинаа најмалку 50 лица, соопшти денеска Кремљ. „Злосторството за време на прослава, не шокираше со своите суровост и цинизам,“ пишувало во телеграмата на рускиот претседател. Во неа, Путин исто така напишал дека „оваа трагедија е уште еден доказ дека е...

Најмалку 50 лицa загинаа, а 100 се ранети во терористички напад на свадба во Турција

Бомбаш-самоубиец се разнесе за време на свадба во градот Газиантеп во јужниот дел на Турција и притоа уби 50, а рани 100 лица, пренесуваат светските медиуми. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека, верува дека припадници на Исламска држава го извеле бомбашкиот напад чија што мета биле гости на свадба кои во знак на славење излегле низ улиците на градот. Според...

Почина еден од повредените во нападот во Ница

Почина еден од повредените во минатомесечниот терористички напад во Ница, кога радикален исламист со камион влета на шеталиштето во градот за време на прославата на Денот на падот на Бастиља. Со тоа последниот биланс на загинатите се искачи на 85 лица. Медиумите јавуваат дека починал Пјер Атерман, чија сопруга Франсоаз и синот загинаа во нападот, додека неговата ќерка сè уште...

Осомничениот за терористичкиот напад во Ница имал петмина соучесници

Возачот на камионот кој усмрти 84 лица во терористичкиот напад во Ница, Мохамед Булел, имал логистичка поддршка од петмина соучесници, кои сега се наоѓаат во притвор, соопштил денеска на прес-конференција францускиот обвинител Франсоа Молин, пренесува „Би-би-си“. Обвинителот изјавил дека нападот бил планиран со месеци однапред, а еден од осомничените го снимал местото еден ден по нападот. Сите петмина осомничени со...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изразија сочувство за нападот во Ница

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска изразија сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд, премиерот Мануел Валс и до граѓаните на Република Франција за вчерашниот напад во Ница, во која животот го загубија повеќе од 80, а повредени се неколку десетици лица. Во одделни соопштенија двете партии го осудија грозоморниот терористички напад и порачаа дека е неопходно уште поцврсто и уште поорганизирано обединување и дејствување против насилството,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...