fbpx

Пасошот на бомбашот од Париз ја стави на мака и македонската полиција

-

Идентификацијата на еден од париските бомбаши станува сè покомплицирана за полициските истражители откако во саботата српската полиција, во прифатниот центар за бегалци во Прешево, уапсила мигрант со идентичен пасош, на име Ахмед Алмухамед, како оној пронајден крај еден од терористите кај стадионот „Стад де Франс“.

Според српските власти, името и другите генералии во пасошот биле исти, освен фотографијата.

Дека голем дел од мигрантите патуваат со исти или слични генералии, за „Мета“ потврдија и од Министерството за внатрешни работи, каде нивните службеници рачно ја проверуваат евиденцијата за да утврдат дали сирискиот државјанин Ахмед Алмухамед, за кого се претпоставува дека е еден од терористите во Париз, поминал низ територијата на земјава и бил регистиран од македонските служби.

„Министерството за внатрешни работи врши проверки дали лицето за кое се интересирате остварило влез во Република Макединија. Имено, се вршат и рачни проверки во евиденцијата од причина што многу од лицата се јавуваат со исти или со слични генералии“, велат од МВР за „Мета“.

Грчките и српските служби, во понеделникот неделава излегоа со податоци и со точни датуми за движењето на лице со пасош на име Ахмед Алмухамед.

Грчкиот министер за миграциона политика, на прес-конференција ги покажа сите документи од регистрацијата на Алмухамед во Грција, со фотографија и со отпечатоци.

Француските служби, пак, сè уште не го потврдиле идентитетот на бомбашот и сè уште проверуваат дали најдениот пасош е на терористот, дали станува збор за оригинален документ или, пак, како што пишуваат дел од светските медиуми, бил намерно подметнат од терористите за да се подгрее антагонизмот во Европа против бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...