fbpx
Таг: терористички напад

таг: терористички напад

МНР: Досега нема информации за повредени и за загинати Македонци во Ница

Од Министерството за надворешни работи информираат дека досега нема информации за загинати или повредени Македонци во нападите во Ница, Франција. Од МНР соопштуваат дека се во постојан контакт со надлежните институции во Франција и до овој момент, нема информации за повредени или загинати македонски државјани, а за сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во...

Оланд: Франција е огорчена од оваа нова трагедија

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, во директното обраќање до француската нација утрово го оцени синоќешниот напад во Ница како терористички. Тој најави продолжување на вонредната состојба уште три месеци и дополнително ангажирање на околу 10.000 резервисти. За нападот во Ница во кој загинаа најмалку 80 лица, а неколку десетици се повредени така што камион влета во толпа луѓе, Оланд рече дека неговиот терористички...

Обвиненија за 13 осомничени за нападот во Истанбул

Турските власти поднесоа обвиненија против 13 лица поради сомневање дека се вмешани во самоубиствениот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Десет од осомничените, како што јавуваат турските медиуми, се државјани на Турција. Осомничените се наоѓаат во полициски притвор и се товарат дека припаѓаат на терористичка организација, како и за убиство и за загрозување на единството на државата. Турскиот премиер Бинали Јилдирим изнесе...

Нападот на „Ататурк“ го извршиле лица по потекло од Русија, Узбекистан и од Киргистан

Бомбашите самоубијци што завчера при нападот во истанбулскиот аеродром „Ататурк“ усмртија 42 и повредија 239 лица, потекнуваат од Русија, Узбекистан и од Киргистан, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на неименуван турски претставник. Полицијата претходно соопшти дека во полициски рации на 16 локации во Истанбул и во Измир, уапсила 13 лица поврзани со нападот, од кои тројца биле странски државјани. Уапсените се...

Охриѓани не ги откажуваат туристичките аранжмани во Турција

Меѓу охриѓани нема откажувања за туристичките патувања и пакет-аранжмани за Истанбул и за другите туристички дестинации во Турција, по последниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Од туристичката агенција „Венус травел“ информираат дека во моментов има туристи од Охрид кои се на летување во Турција, но се наоѓаат на други туристички локации, далеку од истанбулскиот аеродром. – Засега нема откажувања на...

ЦИА: Нападот на Истанбул ги има обележјата на ИД

Нападот во Истанбул, во кој загинаа 42 лица, ги носи обележјата на Исламска држава, оцени директорот на ЦИА, Џон Бренан, и предупреди дека САД не се заштитени од напади на џихадистите. - Срамниот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул, во кој загинаа и беа повредени десетици лица, без сомнение ги носи обележјата на ИД – рече Бренан. Американскиот претседател, Барак Обама, вчера...

Сè поголем бројот на загинатите во нападот во Истанбул

Бројот на загинатите во терористичкиот напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ се искачи на 41 лице, додека повредени се 239 луѓе, соопштија турските власти. Турските медиуми јавуваат дека повеќето од жртвите се државјани на Турција. Досега се идентификувани 37 од загинатите, од кои 24 се Турци, 10 се странци, а тројца имаат двојно државјанство. Неименуван турски претставник соопшти дека конечниот број на загинатите би...

Најмалку 14 загинати во терористички напад во Сомалија

Најмалку 14 лица загинале во силна експлозија што вчера се случила во близина на хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите се и тројца припадници на обезбедувањето на хотелот. Полицијата соопштила дека бомбаш самоубиец активирал возило полно со експлозив пред влезот на хотелот, по што вооружени лица влегле во објектот и отвориле оган. Безбедносните сили успеале да убијат...

Валс: Можни се нови терористички напади во Франција

Францускиот премиер Мануел Валс на француското државно радио предупреди дека се можни нови терористички напади откако на 13 јуни беше убиен француски полицаец и неговата партнерка, која била службеничка во Министерството за внатрешни работи. - Уште невини ќе ги изгубат животите. Многу е тешко да се кажат вакви работи. Разбирам ако некој ме обвини дека создавам дополнителен страв кај луѓето,...

Двојно убиство во Париз, ИД ја презеде одговорноста

Маж во Париз убил полицаец, а членовите на неговото семејство ги земал како заложници. При акцијата, полицијата го убила напаѓачот, детето е спасено, а мајката ја пронашле мртва. Во полициската акција убиен е и еден полицаец. Исламска држава тврди дека полицаецот и неговата жена ги убил нив приврзаник, „војник на калифатот“. Мажот кој е идентификуван како 25-годишниот Лароси Абала му нанел на...

Знамето на САД на половина копје до четврток на зајдисонце

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, денеска издаде наредба знамето на САД на Белата куќа, сите јавни згради, бродови на американската морнарица, амбасади и конзуларни преставништва во странство да бидат поставени на половина копје, во чест на жртвите од масакрот што се случи вчера во Орландо, а во кој животите ги загубија 50 лица. Знамињата, како што стои во наредбата...

Во Дизелдорф спречен терористички напад

Германската полиција во Дизелдорф уапсила тројца сириски државјани под сомневање дека планирале да извршат терористички напад во Германија. Како што јавуваат германските медиуми, уапсените Сиријци се осомничени дека како припадници на Исламска држава имале задача да организираат бомбашки напад. Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезијер, рече дека околу 4.500 до 5.000 радикализирани муслимани дошле во Европа од Сирија...

Вежба за спречување терористички напад на стадионот во Лион

Вчера вечер на стадионот „Парк олимпик“ во предградието на францускиот град Лион се одржа масовна воена вежба за спречување на терористички напади за време на Европското првенство во фудбал. Според сценариото пред натпреварот Украина-Северна Ирска двајца напаѓачи се кренале во воздух на влезот на стадионот, при што загинале десет, а ранети се 80 лица. Гледачите се во паника, а обезбедувањето...

Вајнрајт: Можни се нови терористички напади во Европа

Директорот на Европол, Роб Вајнрајт, денеска во Рим предупреди дека во Европа најверојатно ќе се случи нов терористички напад од голем обем. - Заканата од терористички напади и понатаму е особено голема, најсериозна од 11 септември и стравувам дека во иднина ќе бидат можни нови напади во Европа – рече Вајнрајт во обраќањето пред комитетот за Шенгенскиот договор на италијанскиот...

Уапсен припадник на ИД осомничен за минатогодишниот бомбашки напад во Анкара

Турските власти уапсиле припадник на Исламска држава, осомничен за вмешаност во двојниот самоубиствен бомбашки напад што се случи во октомври минатата година во Анкара, а во кој загинаа 103 лица, јавуваат агенциите. Осомничениот бил уапсен вчера во турскиот град Газиентап, во близина на границата со Сирија. Тој се товари за учество во терористичка организација. Станува збор за петти осомничен приведен во истрагата...

Потврден идентитетот на вториот бомбаш самоубиец од бриселскиот аеродром

Белгиското федерално обвинителство денеска официјално го потврди идентитетот на вториот бомбаш самоубиец од терористичкиот напад на бриселскиот аеродром „Завентем“. Станува збор за Најим Лакрауи, роден 1991 година. „По анализата на ДНК и по другите истражни активности извршени во последните неколку часа, федералното обвинителство може да потврди дека вториот бомбаш самоубиец од аеродромот „Завентем“, кој се наоѓа лево на снимката со...

Македонија нема да ја подигне безбедноста – таа е зголемена уште од нападите во Париз

Македонија нема потреба да гo подигнува нивото на мерките на безбедност по терористичките напади во Брисел, бидејќи, како што неофицијално велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР), тие се на повисоко ниво уште по нападите во Париз од 13 ноември минатата година и таквата состојба е сè уште на сила. Од МВР велат дека засега нема да излегуваат со...

Во Косово уапсени три лица поради поврзаност со ИД

Три лица се уапсени во Косово поради поврзаност со Исламска држава и сомневање дека подготвувале терористички напад на територијата на Србија. Против осомничените се поднесени кривични пријави поради поврзаност со Исламсака држава и за формирање разгранок на ИД во Косово. Трите лица живееле во Приштина, Гњилане и во Урошевац. Еден од уапсените бил командир на борбена единица во Сирија, која имала...

Уапсени 22 лица за терористичкиот напад во Анкара

Турската полиција уапсила 22 лица во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Анкара, кој се случи на 17 февруари, а во кој загинаа 28 луѓе, соопшти турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јавуваат агенциите. Според Давутоглу, припадниците на групата што стои зад нападот е поврзана со курдската работничка партија и силите за самоодбрана на сириските Курди. „Во рамките на истрагата за терористичкиот напад...

Заврши заложничката драма во Буркина Фасо, џихадистите убиени

Најмалку 20 лица загинаа, а многумина беа земени како заложници во нападот што го изврши Ал каеда на хотел во главниот град на Буркина Фасо. Синоќа најмалку тројца вооружени мажи го нападнаа хотелот „Сплендид“ и држеа заложници во текот на ноќта. Пред тоа два автомобили-бомба експлодираа пред хотелот. Безбедносните сили утринава извршиле контранапад и ги ослободиле заложниците. Ослободени се 126 заложници, а тројца...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...