fbpx
Таг: судии

таг: судии

Управниот суд ја заврши расправата по тужбите од СДСМ, рокот за одлука е утре во 19 часот

Управниот суд ја заврши јавната седница на која попладнево судиите ги разгледуваа двете тужби поднесени од СДСМ за решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за предвремените парламентарни избори. Едната тужба се однесува за избирачкото место 1978 во општина Тетово, а другата е за одбиениот приговор за избирачкото место 2025 во општина Теарце. Судиите известители на јавната седница ги прочитаа тужбите...

Панчевски, Груевска-Илиевска и Башеска го блокираат СЈО во истрагите „Таргет“ и „Трезор“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од судиите Владимир Панчевски, како претседател на судот, и судијките Дијана Груевска-Илевска (заменик-претседател на судот н.з.) и Љубинка Башеска (судијката во случајот „Пуч“ н.з.), вторпат одбил да издаде наредба за да може Специјалното јавно обвинителство да изврши претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори во врска со случајот „Таргет“,...

Судиите во Албанија бараат од Уставниот суд да го укине новиот закон за нивниот статус

Синдикатот и здружението на судиите во Албанија поднесоа жалба до Уставниот суд во земјата против новиот закон за статусот на судиите и на обвинителите, кој стапи на сила на 22 ноември годинава. Претставниците на синдикатот и на здружението за медиумите изјавија дека новиот закон е во спротивност со уставот на земјата и затоа треба да биде повлечен. Станува збор за...

Судијата Туфегџиќ бара да се поништи огласот за избор на претседател на Кривичниот суд

Судијата Владимир Туфегџиќ до Судскиот совет поднел предлог-иницијатива за поништување на огласот за избор на претседател на Кривичниот суд. Туфегџиќ, кој е кандидат за претседател на Основен суд Скопје 1, ја поднел иницијативата поради повреда на принципот на еднаквост и на рамноправност при избор на судии и претседатели на судови и нивно доведување во нерамноправна положба во однос на веќе...

Караџовски по средбите со Панчевски и со судиите: Проблемите во судот не се големи

Деветмина од вкупно 13 судии што му поднесоа претставка на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска одговорија на поканата и се појавија во Судскиот совет, каде имаа средба со членовите и со претседателот на Советот, Зоран Караџовски. Како што соопшти Караџовски по состанокот, средбата поминала во конструктивен дијалог, на кој било разговарано за известувањето што судии го...

Јанева: Се надевам дека судиите нема да трпат влијанија за нашите постапки и барања

Се надевам дека одлуките на судиите ќе бидат засновани на закони, а ние будно ги следиме случувањата околу судството, изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која денеска присуствуваше на дебатата „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“. - Будно ги следиме овие случувања околу судството, како институција која е зависна од судските одлуки. Што...

ЛДП: Груевски да понесе политичка и морална одговорност поради масовното прислушување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да понесе политичка и морална одговорност за масовното прислушување, за кршењето на основните човекови права и за уништувањето на демократијата воопшто, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). - Наместо да се крие зад пораки на „Фејсбук“ за изградба на локални патишта и канализации, Груевски да излезе пред македонската јавност и да се извини...

Суд ли е ова или панаѓур, дуќанче, чешмичка?

Најважниот суд во земјава - Основниот суд Скопје 1, во кој, меѓу другите, се водат и најзначајните постапки за организиран криминал, изминативе десетина дена се претвори во „панаѓур“. Кривичниот суд деновиве е местото каде вработени делат правда со туркања и со тупаници, судии се пресметуваат со кривични пријави и со контрапријави, се поднесуваат претставки до Судскиот совет за злоупотреби на...

13 судии со писмо го обвинија Панчевски за злоупотреба на интернет-страницата

Тринаесет судии од Основниот суд Скопје 1 испратиле писмо до Судскиот совет, во кое реагираат и го обвинуваат претседателот на судот, Владимир Панчевски, дека ја злоупотребува официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“. Судиите реагираат на соопштението на Кривичниот суд од петокот минатата недела, во кое Панчевски информираше дека дал исказ во Основното јавно...

Заев: По 11 декември ќе направиме генерален реизбор на судиите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска најави генерален реизбор на судиите во Македонија по изборите на 11 декември и целосно раскинување „на спрегата помеѓу судството и криминалната власт предводена од Никола Груевски“. Заев изјави дека „по 11 декември нема да се дозволи ниту еден судија да осудува невини луѓе, да се монтираат судски процеси и да се работи за криминалците“. -...

Панчевски ем дал исказ во Обвинителство ем му поднел контрапријава на Џолев

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска бил да даде исказ во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со кривична пријава што против него ја поднесе неговиот колега, судијата Иван Џолев. Панчевски, како што информираат од судот, откако дал исказ во обвинителството, во кој ги отфрлил како неосновани наводите во тужбата, веднаш му...

Почна судскиот процес против тројцата лекари обвинети за смрт на родилка и на бебе

Во Основниот суд во Велес почна судењето на лекарскиот тим од гевгелиската болница обвинет за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното новороденче, лани во октомври, информира „Дума“. На обвинителната клупа седнаа тројца лекари, двајца гинеколози и еден анестезиолог, обвинети за лекарска грешка поради која настапила смртта кај Кадиева. Судечкиот совет ја ислуша одбраната на тројцата обвинети лекари, додека бранителите...

Караџовски се пожали на притисок од медиумите врз судот

Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски, денеска на прес-конференција апелираше да престанат притисоците врз судската бранша. Тој речe дека какво било мешање и притисок од медиумите врз судиите е целосно спротивно на барањата на меѓународната заедница во оваа сфера, како и прекршување на меѓународните и на домашните стандарди. Караџовски изјави дека е недозволиво какво било влијание врз судските...

Издадени налози за апсење на 189 судии и обвинители во Турција

Турските власти издадоа налог за апсење на 189 судии и обвинители во земјата во рамки на истрагата за неуспешниот државен удар од 15 јули, јавуваат турските медиуми. Лицата се обвинети за користење на апликацијата „бајлок“, која, како што наведуваат властите, била средство за комуникација на пучистите. Меѓу осомничените се претставници на министерството за правда, судии на Касациониот суд и на Државниот свет....

Судијката на Заев за „Поткуп“, нов заменик на претседателот на Основниот суд Скопје 1

Судијката Дијана Груевска-Илиевска е нов заменик на претседателот на Основниот суд Скопје 1, на местото на досегашниот Ивица Стефановски, а нејзината колешка Гордана Спиреска е назначена за нов претседател на одделот за кривично полнолетни на местото на судијката Сандра Крстиќ. Прераспоредувањата, како што попладнево соопштија од судот, се направени со дополнителни одлуки на претседателот на судот, Владимир Панчевски, како...

СЈО нема да бара изземање на „сваровски-судијките“, засега

Специјалното јавно обвинителство засега нема да побара изземање на судијката Лидија Петровска, вели обвинителката Ленче Ристовска за „Мета“. - Засега нема да преземеме ништо, ќе почекаме да почне судењето и сè да биде официјално, па ќе одлучиме што ќе правиме – рече Ристовска. Лидија Петровска беше спомената во една од „бомбите“ што лани ги објави СДСМ, во разговор воден меѓу судијката...

Илиевски, Габер-Дамјановска и Јанкуловски, кандидати за избор на судија во ЕСЧП

Јавниот обвинител Јован Илиевски, уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска и амбасадорот на Република Македонија во Ватикан, Звонимир Јанкуловски, се тројцата кандидати за избор на судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур од Македонија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Листата со тројцата кандидати, како што информираат од МНР, е доставена од Постојаната мисија на Македонија во Стразбур, до...

За шест дена седум предизборни потези – власта забрзано се утврдува за 11 декември

На 31 август лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино го утврдија 11 декември за датум кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори. Веќе следниот ден владејачката партија почна со кадровски рокади во Министерството за внатрешни работи, вработувања во министерството и со серија потези во пресрет на предвремените избори. Дел од експертската јавност и опозициските партии ваквите...

СДСМ: Џабе Груевски избира нови сваровски-судии, ништо не го спасува

Џабе му се нови сваровски-судии на Груевски, ништо не го спасува, ќе одговара, реагираат од СДСМ на денешниот избор на нови 25 судии. „Паниката на осомничениот за тешки криминали, Никола Груевски, секој ден е сè поголема. Веднаш откако се распишаа изборите, проработеа тефтерчињата на осомничените од ВМРО-ДПМНЕ и преку послушниците од Судскиот совет се избраа нови 25 сваровски-судии. Сега е доцна,...

Судскиот совет денеска избра нови 25 судии

Судскиот совет на Република Македонија денеска избра 25 судии во повеќе судови во земјава. Дел од судиите кои се избрани за основните судови, како што пренесува „Академик.мк“, се кандидати кои ја поминале обуката во Академијата за судии и јавни обвинители и првпат ќе седнат во судиските столчиња. За повисоките судови, кандидатите се избрани според бодовите и стажот како судии. Претседателот на...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...