четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: стрип | 91 резултати

Град Скопје ги брка продавачите на антикварни книги, стрипови и плочи од кејот на Вардар

април 12, 2022

Продавачите на стари книги и други антикварни предмети кои ги користат дрвените куќички на Кејот „13 ноември“ добиле наредба од Градот Скопје да се иселат, заедно со своите залихи, најдоцна до 21 април. Според изјавите на упатените лица кои сакаа да останат анонимни, градот на овие лица, од кои дел се претставници на социјално ранливи […]

Објавен вториот меѓународен конкурс за стрип на тема „Стрипот и историјата“

март 30, 2022

Стрип центар на Македонија – Велес во рамките на проектот „CAN for BALKANS – (Comics Alliance Networking for Balkans) го објави вториот меѓународен конкурс за стрип на тема „Стрипот и историјата“. „Сите поднесени стрипови треба да имаат опфат на некој историски период, од праисториско време и антика до современиот период. Како лица во приказната можат […]

Белгија воведува нов дизајн на пасоши – со стрип јунаци

јануари 28, 2022

Белгиската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Софи Вилмес вчера го претстави новиот белгиски пасош. Според белгиското Министерство за надворешни работи (МНР), документот содржи нови безбедносни техники што го прават посигурен, како и нов оригинален дизајн што го прави попрепознатлив. Имено, идните пасоши ќе ги претставуваат бисерите на белгиската култура – хероините и хероите од […]

„Бункер“ го објави графичкиот роман „Вавилон Берлин“, за кој во Германија се сними и популарна серија

јануари 18, 2022

Криминалистичкиот роман на Фолкер Кучер, за којшто во Германија се снимија дури четири сезони од истоимената популарна серија, во земјава доби своја верзија во вид на графички роман (стрип-книга) на македонски јазик. Автор на графичкиот роман „Вавилон Берлин“ е Арне Јиш, додека издавач на македонски јазик е „Бункер“. Сценариото во графичкиот роман на Јиш е […]

Мал новогодишен саем на книги на „Темплум“ и доделување на две награди

декември 24, 2021

Од 27 до 30 декември во книжарницата „Гладно срце“ по дванаесетти пат ќе се одржи Малиот новогодишен саем на книгата во организација на издавачката куќа Темплум. Во рамките на малиот саем, ќе се одржат промоции на книги. Воедно, во културниот простор Центар – Јадро ќе се одржи и доделувањето на две награди: „Новите!“ за најдобар […]

Нетфликс објави екранизација на стрип од италијанскиот панкер Зерокалкере

декември 12, 2021

Неодамна Нетфликс почна со емитување на долгоочекуваната серија „Искини по цртичките“ (анг. „Tear along the dotted line“) на италијанскиот стрип-автор Зерокалкере. Зерокалкере е псевдоним на италијанскиот уметник Микеле Рек (Michele Rech), кој е сценарист, режисер и го позајмува гласот за истоимениот главен лик. Гледачите на Нетфликс можат да ја гледаат оваа „темна комедија“ на оригиналниот […]

Четврти конкурс за годишната стрип награда „ЛИФТ“ на Темплум

октомври 18, 2021

Издавачката куќа Темплум годинава по четврти пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип. Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ќе испратат сопствени досега необјавувани авторски стрипови, од една или две страници до максимум до 16 табли (или страници). „Лифт“, инаку, беше име на списанието за […]

Утре во „Буква“ ќе се промовира новиот стрип „Џукела и Пацоф“ од Матеј Богдановски

октомври 15, 2021

Во сабота (16 октомври), со почеток во 13 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на најновиот стрип на уметникот Матеј Богдановски, насловен „Џукела и Пацоф“. На промоцијата за стрипот ќе зборуваат писателката Румена Бужаровска и музичарот Мирко Попов, а авторот Богдановски ќе се вклучи онлајн. Стрипот „Џукела и Пацоф“ претставува сатиричен […]

Четврти конкурс за годишната стрип награда „Лифт“

октомври 10, 2021

Издавачката куќа ТЕМПЛУМ годинава, 2021, по четврти пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип. „Лифт“, инаку, беше име на списанието за стрип кое излегуваше од 1996 до 2001 година, а денес е име и на угледна графичка едиција.Наградата „Лифт“ се доделува еднаш годишно. Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија […]

Пандемијата им донесе неверојатни приходи на креативците

септември 25, 2021

„Би-би-си“ ги пренесува приказните на тројца креативци и групи, чии првични хобија за време на пандемијата им донеле огромна база на обожаватели и зголемени приходи. Кога 35-годишната Рејчел Смит тропнала на вратата на креативната индустрија во Нов Зеланд во 2008 година, секој нејзин обид бил одбиен. Своето портфолио го испратила до повеќе агенции и се […]

Утре промоција на книгата „Стрип – деветтата уметност“ на Томислав Османли

септември 18, 2021

Утре, недела, 19. септември, во рамките на фестивалот „ArtArea“ во кафе-книжарницата „Буква“, а со почеток во 20:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Стрип – деветтата уметност“ од Томислав Османли, во издание на „Бегемот“. Книгата ќе ја претстави Јован Битољану, соосновач на стрип книжарницата „Бункер“, а разговор со авторот и со присутните ќе води […]

Објавена студијата „Стрип – деветтата уметност“ од Томислав Османли

септември 16, 2021

Книгоиздателството „Бегемот“ ја издаде книгата „Стрип – деветтата уметност“, капитално дело посветена на медиумот, уметничкото творештво, општествените влијанија и естетиката на стрипот. Книгата претставува ново, изменето и опсежно, речиси двојно дополнето издание на првата македонска теоретска книга во доменот на „деветтата уметност“, првично објавена под насловот „Стрип – запис со човечки лик“, најнапред во 1987 […]

Ексклузивен швајцарски рачен часовник посветен на Загор се продава за 3.100 евра

септември 4, 2021

Италијанската издавачка куќа за стрипови „Серџо Бонели Едиторе“ (СБЕ) и швајцарскиот производител на луксузни часовници „Еберхарт“ на 3 септември претставија ексклузивен рачен часовник посветен на популарниот стрип Загор. Часовникот посветен на „Духот со секира“ е изработен во ограничена серија од само 120 примероци кои се продаваат по цена од 3.100 евра. Ограничената серија персонализирана со […]

Стрип центар Македонија на настан во Тирана за вмрежување на релевантните стрип асоцијации

јули 30, 2021

Втората смотра од проектот CAN (Comic alliance Networking) for Balkans, финансиран од програмата „Креативна Европа-подпрограма за култура на Европската унија, ќе се одржи од 30 јули до 2 август во Тирана, информираат од Стрип центар Македонија (СЦМ). Носител на овој неколкугодишен проект е Музеј на историјата во округот Брашов во Романија. Освен Државниот историски музеј […]

Легендарниот стрип-јунак Загор Те-неј наполни 60 години

јуни 16, 2021

Љубителите на стрипот во Италија, поголем дел од Балканот и Турција деновиве ја прославуваат 60-тата годишнина од објавувањето на стрипот „Загор“, еден од најпопуларните серијали на тие простори. Првата епизода на Загор е објавена на 15 јуни 1961 година од издавачката куќа Бонели, а дело е на сценаристот Серџо Бонели (1932-2011), под псевдонимот Гвидо Нолита, […]

Стрип центарот со креативна кампања „Македонијо, зелена ти ќе бидеш!“

јуни 4, 2021

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес веќе втор месец го изведува проектот креативна стрип кампања „Македонијо, зелена ти ќе бидеш!“. Истиот е во склоп на концептот ЗЕЛЕН СКОК – Партнерства за климатска акција, финансиран од страна на Фондацијата Отворено Општество Македонија. Проектот ќе трае 4 месеци, информираат од Стрип центарот. Главна цел на […]

Повик за учество на интерактивната работилница за стрип што ќе се одржи на 20 април

април 15, 2021

Europe House Skopje и стрип книжарницата „Бункер“ на 20 април, со почеток од 18 часот, организираат интерактивна работилница за стрип, која што има за цел да ги запознае сите заинтересирани лица со супер хероите и антихероите кои живеат во стрипот. Преку овој настан, ќе може да се дознаат повеќе детали и анегдоти за стрип јунаците […]

Објавен Меѓународен конкурс за стрип на слободна тема

март 1, 2021

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави Меѓународниот конкурс за стрип. Право на учество имаат автори од целиот свет, без разлика на полот и возраста, а темата на стрипот е слободна. Должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат или мин.300дпи ако се испраќа […]

Во сабота доделување на стрип-наградата ЛИФТ #3 во кафе-книжарница „Буква“

февруари 24, 2021

Во сабота, 27 февруари, во 13 часот, во кафе-книжарницата Буква (зад Кино Култура во Скопје) ќе се одржи доделувањето на наградите од Третиот годишен конкурс за стрип ЛИФТ за 2020 година. Притоа ќе биде промовирана и книгата ЛИФТ #3 во која се собрани сите пристигнати дела на конкурсот. Оваа година главната награда ја доби Евгенија […]

„Приказна за безбојното мече“ освои прва награда на стрип фестивалот во Ваљево

јануари 19, 2021

На меѓународниот конкурс во рамки на стрип фестивалот во Ваљево, Србија, Александар Стеванов и Катерина Николовска-Тери од Штип ја освоија првата награда за стрипот „Приказна за безбојното мече”. За истиот стрип, авторите само неколку месеци претходно го освоија третото место на конкурсот во рамки на Меѓународниот стрип центар во Велес. За најдобра ликовност, врачено му […]

Страна 4 од 5