петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: стрип | 91 резултати

Стрип-авторот Игор Јовчевски – специјален гостин на фестивалот „Стрипорама“ во Ниш

јули 27, 2023

Од 10 до 13 август во Ниш ќе се одржи осмото издание на Меѓународниот фестивал на стрип и популарна култура „Стрипорама“. Меѓу 12-те еминетни стрип-уметници од неколку земји, кои се поканети како специјални гости, е и македонскиот автор Игор Јовчевски. Фестивалот „Стрипорама“ го организира стрипарницата „Јужни Дарквуд“ а се одржува во содејство со Меѓународниот џез […]

Нова публикација од Црна Гора ја пренесува сликата за стрипот во историјата, како и за историјата во стрипот

јули 12, 2023

Центарот за демократски транзиции (ЦДТ) од Подгорица денеска ја објави публикацијата „Цртежи и борби“ (Crteži i borbe), која истакнува одредени детали од историјата на југословенскиот стрип и на моменти од поширокиот терен на културата, за заедно да создадат преглед поврзан со три работи: стрипот, НОВ и Црна Гора. Автор на публикацијата е Лука Ракојевиќ, додека […]

Стрипот „Алан Форд“ промовира македонско вино во најновата епизода

јули 8, 2023

Најновата епизода на култниот стрип „Алан Форд“ содржи промоција на македонското  вино, која допира до публиката од речиси сите држави на бивша Југославија. Во епизодата насловена „Лудост“, јунаците решаваат интриги во измислената европска микродржава Баронство Баварија, која е слична на Кнежевството Лихтенштајн. Во еден момент, еден од ликовите, со цел да натера локален поп – […]

Ангела Петрушевска е најдобриот млад автор на стрип натпреварот во Ваљево

јуни 2, 2023

Ангела Петрушевска, ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ од Скопје го освои првото место во категоријата најдобри стрип автори до 16 години на 6-тиот Ваљевски стрип фестивал што се одржува во Србија, информираат од Стрип центарот на Македонија. Стрип фестивалот денеска ќе се отвори во српскиот град Ваљево, а организатор на истиот е Арт […]

Почина Луиџи Пикато, еден од најомилените цртачи на стрипот „Дилан Дог“

март 16, 2023

Најголемата италијанска издавачка куќа за стрипови „Серџо Бонели Едиторе“ на 14 март објави дека починал нивниот долгогодишен соработник, Луиџи Пикато. Тој беше познат како цртач на низа легендарни епизоди на стрипот „Дилан Дог“, како „Голконда“. Тој бил роден во Торино во 1957 година, а професионално работел како автор на стрипови од 1977 година. Првобитно објавувал […]

Објавен меѓународниот конкурс за стрип – Велес 2023

март 13, 2023

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот меѓународен конкурс за стрип на кој може да учествуваат автори од целиот свет, без разлика на полот и возраста.  Според критериумите, должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). […]

Реизданијата на „Алан Форд“ и „Инкал“ избрани за најдобри за 2022 г. од читателите на Stipovi.com

март 11, 2023

Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди регионалната популарност на легендарниот италијански стрип „Алан Форд“, во голема конкуренција на претежно лиценцни изданија. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор […]

„Бункер“ го издаде графичкиот роман „Алжир е убав како Америка“

февруари 13, 2023

Издавачот „Бункер“ во рамките на едицијата „Апсолутни почетници“ го издаде осмиот графички роман „Алжир е убав како Америка“ од француските автори Оливија Бартон (сценарио) и Махи Гран (цртеж). Делото ги истакнува комплицираните односи помеѓу Алжир и Франција, а од „Бункер“ велат дека ниту една болна тема не останува недопрена, па така, во графичкиот роман се […]

Стрипот „Хогар Страшниот“ прославува 50-годишен јубилеј

февруари 9, 2023

На 4 февруари 2023 година се навршија 50 години од првото објавување на хумористичниот стрип Хогар Страшниот, најпознато дело на американскиот автор Дик Браун, што своевремено бил прогласен за „најбрзо растечки стрип на светот“. Тој денес може да се најде во дури 56 земји. „Хогар Страшниот е еден од ретките стрипови за кои имаат чуено […]

Утре во Велес стрип изложба: Животот и состојбата на Ромите

декември 13, 2022

Утре со почеток во 12 часот во библиотеката „Гоце делчев“ во велес ќе се одржи стрип изложба. Посетителите ќе имаат можност да ги видат најдобрите стрипови од ученичкиот стрип конкурс на тема „Животот и состојбата на Ромите“, а ќе се промовира публикуваниот каталог. Изложбата којашто е завршен дел од Грантот „За нашите соседи и прилатели“ […]

Авторот на „Дилан Дог“ приреди вистинско изненадување за средношколците на Денот на италијанскиот стрип (галерија)

октомври 7, 2022

Мастеркласот на авторите на култниот стрип „Дилан Дог“ Алесандро Билота и Серџо Џерази кој сношти се одржа во рамки на Денот посветен на италијанскиот стрип во Младинскиот културен центар привлече огромно внимание кај учесниците на „Џифони Македонија“. Вистинско изненадување за средношколците приреди Серџо Џерази. Тој му даде можност на еден од најактивните средношколци да му […]

Ден на италијанскиот стрип на „Џифони Македонија“ со авторите на „Дилан Дог“

октомври 6, 2022

Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на „Дилан Дог“, Валтер Бујо, Меркурио Лои и други стрип-уметници денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал на млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар во 16 часот тие ќе одржат предавање на тема „Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип“, а влезот е слободен. Претходно, Билота и Џерези […]

Распишан конкурсот за стрип наградата „Лифт“

септември 23, 2022

Издавачката куќа Темплум по петти пат го распишува конкурсот за македонски стрип, „Лифт“. Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ќе испратат сопствени досега необјавувани авторски стрипови, до 16 табли (или страници). „Почитувани автор(к)и, можете да ни испраќате и стрипови од една или две страници, но не повеќе од […]

Меѓународниот салон на стрип викендов по 19-ти пат во Велес

септември 21, 2022

Утре (22 септември) со почеток од 20:00 часот во Ликовниот салон во Велес ќе се одржи 19. издание на Меѓународниот салон на стрип „Велес 2022“. На отворањето ќе бидат прогласени победниците и доделени наградите во повеќе категории, информираат организаторите. Паралелно, од 22 до 25 септември во Спомен куќата на Касапови ќе се одржи и четвртата […]

Рокот за конкурсот за изработка на постер инспириран од италијански стрип продолжен до 18 септември

септември 16, 2022

Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје информира дека рокот за конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 18 септември. Победничкиот плакат кој ќе биде одбран од жири комисијата ќе биде официјален плакат на „Comics Day“ – Денот на италијанскиот стрип што ќе се одржи во октомври 2022 година. Содржината […]

Дизниевиот лик Шиљо, Гуфи или Клапчо полни деведесет години

септември 15, 2022

Во текот на 2022 година љубителите на продукцијата на Волт Дизни прославуваат 90 години од постоењето на еден од омилените ликови – наивното и добродушно антропоморфно куче Шиљо или Клапчо, во оригинал Гуфи (Goofy). Првобитната форма на Шиљо бил лик кој се појавува во краткиот цртан филм „Ревијата на Мики“ (Mickey’s Revue) од 1932 година. […]

Објавени победниците од меѓународниот стрип-конкурс „Стрипот и историјата“

септември 1, 2022

Објавени се наградите за првото издание на Меѓународниот конкурс за стрипови на тема „Стрипот и историјата“ што се одржуваше од март до јули 2022 година во организација на „CAN for BALKANS – Comics Alliance Networking for Balkans“. Организаторите информираат дека во финалето при изборот влегле 27 автори од Белгија, Бугарија, Македонија, Романија, Србија, Украина и […]

Прогласени победниците на стрип конкурсот „За нашите соседи и пријатели“

август 9, 2022

Познати се победниците на тематскиот стрип конкурс „За нашите соседи и пријатели“ на Стрип центарот на Македонија од Велес. Во категоријата средношколци, првото место го освои Ангела Петрушевска од Скопје за стрипот „Интегрираната заедница е нашата иднина“. Второто место ѝ припадна на Тамара Мишковска од Скопје за стрипот „Надеж“, а третото на Анастасија Недељковска од […]

Објавен конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип

јуни 22, 2022

Во пресрет на Comics Day / Денот на италијанскиот стрип, што ќе се одржи во октомври 2022 година, Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје и Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ објавува конкурс за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип. „Иницијативата има за цел да […]

Култниот „Лунов Магнус Стрип“ возобновен по скоро 30-годишна пауза

јуни 18, 2022

По скоро 30-годишна пауза, српската издавачка куќа „Голконда“ ја возобнови легендарната стрип-едиција „Лунов Магнус Стрип“, која своевремено беше едно од најпопуларните обележја на популарната култура во СФР Југославија. Првото издание на возобновениот „Лунов Магнус Стрип“ (ЛМС) симболично го носи бројот 999. Уредникот на „Голконда“ Бојан Ризниќ во неговиот предговор објаснува дека за нив претставува голема […]

Страна 3 од 5