Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

СЈО: Во претресот во Батинци одземени предмети што може да бидат доказ во „Титаник“

Во претресот што на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера беше извршен во селото Батинци, нема приведени лица, а биле пронајдени и одземени предмети што можат да послужат како доказ во постапката за случајот „Титаник“, соопштија денеска за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Оттаму потврдуваат дека претресот бил во рамките на истрагата за случајот „Титаник“, но не го...

Лоренс Оер: Специјалното обвинителство треба да работи ослободено од притисоци

Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем, вели француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер, во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“. - Граѓаните треба да имаат доверба во правдата, што претставува основен столб на демократијата. Ниту еден демократски систем не е совршен, ниту...

СЈО во Батинци барало докази за носење гласачи од Пустец

Мунир Пепиќ, вработен во полициската станица Центар, според засега непотврдени информации, е осомничениот во случајот „Титаник“ во чиј дом во Батинци на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бил извршен претрес. Од СЈО освен потврдата дека утрово е спроведена полициска акција, сè уште нема официјални информации дали нешто е пронајдено и дали има приведени лица. Според првичните информации, станува збор за...

Јанева и Хојт Ји разговарале за предизвиците со кои се соочува СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, придружувана од неколку обвинители од нејзиното обвинителство, денеска се сретна со Брајан Хојт Ји, заменик на помошникот државен секретар за европски и за евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент, и со заменикот амбасадор на САД во Македонија. На средбата се разговарало за предизвиците со кои се соочува СЈО во реализација на своите законски надлежности, како...

Немало „МВРО-ВМРО“, вели Јанкулоска во првото интервју по оставката

Поранешната министерка за внарешни работи, Гордана Јанкулоска, по речиси една година откако си поднесе оставка на функцијата, денеска го имаше своето прво јавно обраќање, во интервју за порталот „Прес 24“, кој го уредуваат новинарите на телевизијата „Сител“, Александар Спасовски-Сарма и Славица Арсова. Во интервјуто, Јанкулоска тврди дека не сторила никакви кривични дела и дека истрагата што против неа ја води...

Обвинет во „Ровер“: Истата судијка нам ни одреди притвор, но не и на тие од „Титаник“

Денешното рочиште за случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кој се товари за помаѓање убиство во 2001 година, е одложено, поради боледување на вториот судија. Поради ова, ниту Бошкоски не беше спроведен во судот од затворот во кој издржува затворска казна од пет години поради нелегално финансирање на изборна кампања, односно за случајот...

Ахмети три часa сведочеше во СЈО: Без емоции и без етнички предрасуди до вистината

„Ја извршив својата должност и одговорив на поканата на Специјалното јавно обвинителство, институција која е консензуално избрана со волјата на сите политички партии во земјава за да се расветли вистината за сето она што се случило во Македонија“. Ова го изјави лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по сведочењето во СЈО, кое траеше речиси три часа. Запрашан...

Хојт Ји се сретна со јавниот обвинител Зврлевски

Заменикот помошник државен секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји, денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. На средбата, станало збор за справувањето со тероризмот и за санкционирањето на учеството во странски војски, како и за подготвеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија за справување со кривичните дела против изборите. Освен ова, биле разменети...

Обвинителство: На СЈО му ги дадовме сите докази за „Пуч“, освен класифицираните кои се во судот

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја предало целата документација, со сите списи и докази за случајот „Пуч“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Разликата што се јавува околу доказите, велат оттаму, е поради класифицираните материјали за кои нема втор примерок, а единствените се предадени во Основниот суд Скопеј 1, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење...

Хојт Ји во посета на Македонија

Заменикот помошник на државниот секретар за Европа и за Азија на САД, Хојт Ји, денеска ќе престојува во Скопје. Најавено е дека тој ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. Главни теми на разговорите на Хојт Ји со домаќините во Скопје ќе биде функционирањето на Специјалното јавно обвинителство и исполнувањето на обврските од Договорот од Пржино. Заменикот помошник на државниот секретар за Европа...

Кривичниот суд одговори: Ние не сме фотокопирница за класифицирани списи

Ниту судот одолговлекува, ниту избегнува, ниту бега да ја утврди правдата, основна уставна и законска обврска на судот е токму извршувањето на таа функција, а причините за досегашното одложување на оваа постапка се познати на јавноста, се вели во реакцијата на Кривичнот суд по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Пуч“. „Нејасна и тенденциозна е изјавата во јавноста дека судот...

„Пуч“ презакажан за 3 мај, Јанева го обвини судот за опструкција

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ повторно е одложено бидејќи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, смета дека не се исполнети условите за одржување главна расправа од судот. Јанева наведе дека на рочиштата не доаѓа сведокот кој е оштетен во случајот „Пуч“. Иако пред новинарите не го кажа сведокот со име и со презиме, јасно е дека станува збор за поранешниот премиер Никола...

Денеска во исто време треба да продолжат судењата за „Пуч“ и за „Диво Насеље“

Денеска во Основниот суд Скопје 1, во исто време, во 10 часот, се закажани рочиштата од судењата за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година и за случајот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Специјалното јавно обвинителство, како што пренесоа дел од медиумите, најверојанто ќе бара одложување на...

Јанева бара, a судот не дава копии од списи и докази за „Пуч“

Судијата што го води случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги одбил барањата на Специјалното јавно обвинителство да им бидат доставени копии од списи и електронски докази. Во образложението на ваквата одлука од судот велат дека со нивно доставување би била направена повреда на обврската за чување на класифицирани информации бидејќи државните институции што ги...

Али Ахмети повикан на разговор во СЈО како сведок

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, е повикан на разговор во Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Оттаму велат дека Ахмети е повикан на разговор во својство на сведок, но во интерес на предистражната постапка, не откриваат за кој случај точно станува збор. - Лицето е повикано на разговор во својство...

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ има најголем интерес од одлуката на Уставниот суд

Социјалдемократскиот сојуз денеска во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад одлуката на Уставниот суд, велат од владејачката партија и додаваат дека нивните сомнежи се дека токму СДСМ „има најголем интерес за една ваква одлука“. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложиле измените во...

ЛДП: Срамна е одлуката на Уставниот суд за Законот за помилување

Срамна и недемократска е одлуката на Уставниот суд да ја прифати иницијативата за промена на Законот за помилување, со која повторно му се даде право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, реагираат од Либералнодемократската партија (ЛДП). Според либералдемократите, денешната одлука на Уставниот суд е уште една потврда за спрегата меѓу извршната власт со поединци во...

Обвинителството почна истрага за убиството на старецот во село Маково

Основното јавно обвинителство Битола покренало истражна постапка против осомничениот за вчерашното убиство на 80-годишниот жител на мариовското село Маково, соопшти денеска јавното обвинителство. Тој се товари дека по расправија со овчарски стап до смрт го претепал старецот. „Осомничениот се товари дека пред селската продавница – кооперација во село Маково, општина Новаци, по вербална расправија, лишил од живот едно лице од истото...

Го претепале до смрт оти ја фалел Катица Јанева, а ги кудел Јанкулоска и Јанакиески

Бизарна расправија, по неколку чаши ракија, била кобна за 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил до смрт претепан од 53-годишен поранешен осуденик откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески. Токму тоа била причината поради која сега осомничениот му се нафрлил на старецот,...

СЈО: Јанкулоска штанцала лични карти, Божиновски рекетирал фирми, а Јанакиески остварувал на терен

Основниот суд Скопје 1 ги објави решенијата со кои како неосновани ги одби барањата и жалбите на Специјалното јавно обвинитество (СЈО) за одредување притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Од материјалот објавен од судот може јасно да се видат причините поради кои СЈО барало притвор, како и детали за улогите на главните осомничени во акцијата - поранешните министри за внатрешни работи...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...