fbpx

Али Ахмети повикан на разговор во СЈО како сведок

-

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, е повикан на разговор во Специјалното јавно обвинителство, потврдија за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Оттаму велат дека Ахмети е повикан на разговор во својство на сведок, но во интерес на предистражната постапка, не откриваат за кој случај точно станува збор.

– Лицето е повикано на разговор во својство на сведок. Поради тајноста на предистражната постапка, во моментов не можеме да ви соопштиме повеќе детали – изјави за „Мета“, портпаролката на СЈО, Ленче Ристовска.

Според порталот на албански јазик „Факти.нет“, Ахмети во СЈО треба да се појави в четврток, во 14 часот.

Поканата за Ахмети од СЈО ја потрдија и од ДУИ.

„Претседателот Али Ахмети и Демократската унија за интеграција се силни поддржувачи на законската, транспарентна и непристрасна работа без етнички, верски, партиски или политички предрасуди на Специјалното обвинителство. Минатата недела, претседателот Ахмети прими покана во својство на сведок од страна на Специјалното обвинителство и тој, секaко, ќе ја испoлни својата граѓанска должност во поддршка кон независните институции“, напиша на „Фејсбук“ денеска шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ, Артан Груби.

Според порталот „Нова ТВ“, Ахмети, наводно, е повикан на разговор во СЈО за случајот „Космос“, кој беше дел од прислушуваните разговори, што минатата година ги објави СДСМ.

Во дел од нив, како што тогаш објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, можат да се слушнат разговорите на поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и поранешниот министер, Миле Јанакиески, како го договараат уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фиат Цаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...