недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: сопруга | 19 резултати

Сопругот осомничен за убиството на битолчанката

март 14, 2017

Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашното убиство на битолчанката Е.М.Д., за кое е осомничен нејзиниот сопруг. Според Јавното обвинителство, осомничениот ја убил сопругата удирајќи ја со дрвено сукало по главата. Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд доставило предлог на осомничниот да му биде одредена мерка притвор. „Предлог е доставен поради основан сомнеж дека осомничениот […]

Уапсена сопругата на напаѓачот од Орландо кој уби 50 лица во ЛГБТ-клуб

јануари 16, 2017

Американските власти ја уапсија сопругата на Омар Матин, кој во јуни минатата година во напад на ЛГБТ-клуб во Орландо уби 50 лица. Матин тогаш беше убиен во престрелка со полицијата. Неговата сопруга Нур Салман, била уапсена во нејзината куќа во предградие во Сан Франциско. Таа се соочува со обвинувања за попречување на правдата и за […]

Притворен скопјанец осомничен за обид за убиство на сопругата

април 4, 2016

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против 48-годишен скопјанец, осомничен дека во саботата (2 април) брутално ја претепал сопругата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди на главата и по телото, соопшти МВР. Против Т.П. е поднесена пријава со која се товари за обид за убиство при семејно насилство, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор […]

Маж со мајката и со сестрата ја малтретирал сопругата

март 17, 2016

Триесет и петгодишен жител од тетовското село Пирок заедно со своите мајка и сестра, физички ја малтретирал својата една година помлада сопруга. Семејното насилство во полиција го пријавил родителот на жртвата, вчеравечер, околу 23 часот. Според пријавеното, по бурната вербална расправија, сопругот и другите две лица физички ја нападнале жртвата, ја удирале по главата и по телото, ја […]

Сопругата на битолскиот градоначалник лани се подновила со стан

јануари 11, 2016

Семејството на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, минатата година се подновило со стан во вредност од 65.000 евра. Според податоците на Државна комисија за спречување корупција, во анкетниот лист за имотната состојба на избрани и за именувани функционери, Талески напишал дека минатата година неговата сопруга стекнала стан врз основа на купопродажен договор. За разлика од двата стана, […]

Турски државјанин исчезнал во Македонија, случајот го пријавила сопругата од Истанбул

декември 11, 2015

Вчера, околу 15.30 часот, Ј.Д. од Истанбул, Турција, во полициската станица Бит-пазар пријавила дека не може да стапи во контакт со својот сопруг, кој бил Македонија поради работа. Според полицијата, Ј.Д. пријавила дека со нејзиниот сопруг А.Д. (38), последен пат се слушнала телефонски на 4 декември. Од тој ден, телефонскиот број преку кој контактирала со него […]

Иванов со сопругата во посета на Ватикан

октомври 30, 2015

Од денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, ќе престојува во посета на Државата Ватикан и на Италијанската Република. Претседателот Иванов, в сабота ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот престол, кардиналот Пјетро Паролин. Во рамки на посетата на […]

Аргентинец со години ги држел сопругата и синот заклучени во ќелија

септември 6, 2015

Аргентинската полиција уапсила маж, жител на градот Мар дел Плата, кој со години ги држел својата сопруга и синот заклучени во ќелија во својот дом, јавуваат светските агенции. Според полицијата, валканата соба во која присилно биле држени сопругата и синот имала железна врата, заклучена однадвор, а внатре истражители нашле чинии со храна за кучиња со која […]

Скопјaнец ја претепал сопругата со метална цевка

март 5, 2015

Скопската полиција поднела кривична пријава против 50-годишниот скопјанец Д.Б., осомничен дека вчера со метална цевка ја претепал својата сопруга, Е.Б. (46), на улица во градот и потоа побегнал, информираат од полицијата. Случајот го пријавиле од Ургентниот центар, каде жената била хоспитализирана по нападот, кој се случил околу 7 часот наутро на улицата Московска. Според полицијата, […]

Битолчанец со секира ѝ се заканувал на сопругата

февруари 25, 2015

Педесет и деветгодишен битолчанец вчера, со секира ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие во нивниот дом во градот, информира полицијата. Инцидентот се случил околу 10.40 часот. По пријава на случајот, интервенирала полициска екипа која ја одзела секирата и го привела Р.Т. (59), против кого е поднесена пријава.

Припадник на единицата „Алфа“ си ја претепал сопругата

ноември 30, 2014

Минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 16 решенија против 16 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 11 вработени им е изречена парична казна, за двајца вработени постапката е запрена, а тројца вработени добија писмено предупредување“. Тие се казнети за седење во службеното возило, патролирање со приватно возило, неевидентирање на странци при влез […]

Vrasje e trefishtë: U gjet trupi i vrasësit të dyshuar

ноември 25, 2014

  Ushtari profesionist D.M. (40), i dyshuar për vrasje të trefishtë  që sot në mëngjes ndodhi në rrethinën e Probishtipit në Zletovë, është personi trupi i të cilit u gjet i varur në afërsi të fshatit, bën të ditur nga policia, informon korrespodenti i “Metës” nga Shtipi. Siç informon polica, pasi ka vrarë viktimat, ka […]

Тројно убиство: Осомничениот, вооружен до заби, дошол во Злетово

ноември 25, 2014

Четириесетгодишниот професионален војник Д.М. пред да го изврши тројното убиство во Злетово бил на стража и по завршувањето на работните обврски, со комлетна воена опрема, дошол во селото, јавува дописинкот на „Мета“ од Штип. Тој првин се упатил во домот на М.Д. (50), вработен во државниот пазарен инспекторат. Соседите сведочат дека слушнале расправија, по што осомничениот […]

Тројно убиство во пробиштипското село Злетово

ноември 25, 2014

Тројно убиство се случило утрово, околу 7 часот, во пробиштипското село Злетово, објави МРТ. Од полицијата ја потврдиле информацијата за јавниот телевизиски сервис. Како што информирале оттаму, биле убиени двајца мажи и една жена, а според неофицијални информации, едниот маж и жената се родители на сопругата на убиецот. Осомничениот, веднаш по убиството, побегнал и полицијата […]

Претседателот Иванов од денеска во работна посета на Србија

октомври 30, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во официјална посета на Република Србија, соопштија од неговиот кабинет. Утре, Иванов во Белград ќе има средба со неговиот српски колега, Томислав Николиќ, а ќе се сретне и со претседателката на српското Народното собрание, Маја Гојковиќ. За време на официјалната посета, Иванов ќе има […]

Страна 1 од 1