fbpx

Аргентинец со години ги држел сопругата и синот заклучени во ќелија

-

Аргентинската полиција уапсила маж, жител на градот Мар дел Плата, кој со години ги држел својата сопруга и синот заклучени во ќелија во својот дом, јавуваат светските агенции.

Според полицијата, валканата соба во која присилно биле држени сопругата и синот имала железна врата, заклучена однадвор, а внатре истражители нашле чинии со храна за кучиња со која се верува дека осомничениот Едгардо Овиедо ги хранел жената и момчето.

Овиедо, кој е на 66-годишна возраст, не пружил отпор кога полицијата во петокот извршила претрес на неговиот дом и ги отфрлил сите обвинувања.

Според локалните власти, кај жената биле констатирани психички проблеми, додека нејзиниот 32-годишен син едвај можел да зборува.

Случајот во полиција го пријавиле другите двајца синови на Овиедо, инаку, поранешен градежен работник и синдикален лидер, кои живееле во истата населба.

Тие пред истражителите изјавиле дека биле премногу исплашени од својот татко и затоа не го пријавиле случајот порано, пренесува „Би-Би-Си“.

Обвинителот Алехандро Пелегрини, кој го води случајот, изјавил дека условите во собата биле под секое човечко достоинство.

„Го прочитавме извештајот, но не можевме да поверуваме сè додека не отидовме таму“, ја цитира „Би-Би-Си“ изјавата на Пелегрини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...